Не знаат за сообраќајни гужви и несреќи, не се гушат во бензин: Земја во која здравјето е на 1 место!
Објавено во: Стил 12 Март, 2019 14:55
Живот без велосипеди во Холандија е незамислив. Во земја со 17 милиони жители, се наоѓаат 23 милиони велосипеди и на секое семејство во просек доаѓаат три велосипеди.
Холанѓаните, велосипедите најмногу ги користат како превоз до работа или за превоз на децата во школо и го користат како превозно средство без разлика на временските услови. Според истражувањата, велосипедот во оваа земја во 22% се користи за работа, 18% за одење во школо и 14% за одење на пазарување.
Кога се работи за користење на велосипедот по полови, Холанѓанките за 80% повеќе го користат велосипедот од мажите во таа земја.
Велосипедот во оваа земја е популарен поради фактот дека е корисен за здравјето, поради избегнување на големите гужви во сообраќајот, но и поради економичност.
Во Холандија секоја година се продаваат милион велосипеди, населението во голема мерка е заинтересирано за половни, така што повеќето од популацијата возат половни велосипеди.
Масовното поставување на велосипедски патеки во Холандија почнало по протестите во 1970-тите години кога се одржани поради зголемениот број на сообраќајни незгоди во таа земја.
Во Холандија денеска се наоѓаат вкупно 35 000 километри велосипедски патеки, што е многу близу до обемот на Земјата по екваторот (40 077 км). Годишниот поминат пат со велосипед во оваа земја по глава на жител изнесува 888 километри.
Освен домашното население, велосипедот е многу популарен како превозно средство и кај туристите, па така и големиот број туристи кои изнајмуваат велосипед при посета на знаменитости.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





