18 Декември, 2025
0.2172

НЕА ОСВОЈТЕ ЈА: Жената во овој хороскопски знак е најдобар партнер!

Објавено во: Општо 15 Февруари, 2016 13:43

Добивај вести на Viber

2

Луѓето имаат потреба од жената Јарец во пријателската средина, бидејќи е одговорна и организирана. Таа ги прави плановите, ги собира сите на едно место и потоа ги проверува, за да разбере дали се беспрекорни.

Но оваа жена нема да има огромен круг на пријатели. Таа нема време за сите и верува во квалитетот, наместо во количината. Таа може и да не е центарот на забавата, едноставно затоа што била премногу зафатена да ја организира забавата.

Во љубовта

Жените Јарец се апсолутно независни и често доста тешки. Во љубовта претставничката на овој знак треба да биде прогонувана, а тоа им се допаѓа на мажите кои сакаат предизвици. Но нејзиниот дечко не секогаш е приоритет за неа, но страста и интересите се токму она што партнерот го смета кај неа за секси.

Мажите ја сакаат, бидејќи таа нема потреба да се идентификува со нив и врската. Таа си има свој живот и никогаш не се лепи за некого. Идеална партнерка е, бидејќи е лојална.

Состојбата и имиџот се важни за неа и таа сака да ја создава сликата на „it пар“. Ги става своите долгорочни цели, затоа ако се интересира за мажот, тоа значи мисли за нешто долгорочно.

Но заради лојалноста и самосвеста, жената Јарец не е жена, која може да ја мамите. Таа дава драгоцено време за да му се довери на човекот, и не е склона да надмине предавство.


Претходна страна