Недела на турската кујна - вековна традиција и изобилство од вкусови и бои
Објавено во: Македонија 23 Мај, 2025 10:38
Од 21 до 27 мај се одбележува Неделата на турската кујна, позната по својата разновидност и спој на различни вкусови и кулинарски традиции. Безвременските класични турски јадења, кои се пренесуваат низ генерации, се значаен дел одбогатото кулинарско наследство, кое е симбол на турската култура. Како нераскинлив дел од традицијата на земјата, класичната турска кујна е одраз и на познатото турско гостопримство, љубезност и заедништво.

Турската кујна е препознатлива и по едноставните техники на готвење, како и по големата регионална разновидност. Од јадењата на егејското крајбрежје на база на маслиново масло, до смелитеспецијалитети на југоистокот преполни со зачини и кујната богата со морски плодови на Црното Море, секоја провинција од вкупно 81, има свои интерпретации на одредени јадења. Ваквото богатство на рецепти, методи на готвење и неверојатни вкусови се одбележува секоја година, за време на Неделата на турската кујна.

Во бројните вкусни класични турски јадења се вбројуваат крем-супата од леќа, супа од тарана, имамбајалди - модри патлиџани со фил од кромид и домати, манти - турски кнедли, бурек со месо, сирење или компири, понатаму, карнијарик -преполовен модар патлиџан полнет со мелено месо, чачик - турската верзија на таратор, како и чорба од бел грав и различни видови сарма.Неизоставен дел од менито што го сочинуваат традиционалните турски специјалитети се и освежителните салати бостана и чобан, разновидните овошни компоти и многу вкусни турски десерти, како што се тавукгогсу -пудинг од пилешки гради, казандиби - карамелизиран млечен пудинг и познатата баклава.

Богатото кулинарско наследство на Туркије, преку различните вкусови и мириси,ја раскажува долгата и богата историја на земјата и културната размена, која со векови се случувала на овие простори.
Можеби ќе ве интересира
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
ЌЕ СЕ ОДЛАГА ПРИМЕНАТА НА ЗАКОНОТ ЗА АДМИНСТРАТИВЦИ – службите не се подготвени, но додатоците на плата ќе се зголемат
СЕКОЈА ЗЕМЈА ИМА СВОИ ТОП СУВЕНИРИ: Што најчесто купуваат странците во Македонија?
Одреден е притвор за Стафа, а Љупчо Пецов - Ѓаволот е лицето за кого се обидел да поткупи судија
Отворен граничниот премин Богородица по четири часа блокада
Филипче повторно повика пратениците да ја потпишат декларацијата на СДСМ за мигрантите
МАКЕДОНИЈА ИМА СИЛА ДА БИДЕ НОРМАЛНА ЗЕМЈА: Тошковски вели дека сме станале вистински Европјани




