05 Декември, 2025
0.0483

Неделен хороскоп 27 11 - 03 12 2017

Објавено во: Општо 26 Ноември, 2017 15:10

Добивај вести на Viber

ОВЕН 

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците. Очекувани, но мали, финансиски потешкотии или проблеми.  Кој и да е специфичниот проблем, ќе биде расчистен во рок од една недела.

БИК 

Оваа недела ќе има шанса за заживување на стари идеи и планови поврзани со вашето семејство или бизнисот. Ќе ги разгледувате истите и ќе водите разговори за нивна реализација. Околностите се чини дека се поповолни сега. Ќе има повторно обединување на семејството, по период на разделба или поради посебен повод. Вашите пријатели ќе ве израдуваат со вести за ваша поврзаност со нивен неочекуван успех, среќа, напредок… Ќе добиете покана за собирање со пријателите, каде што можете добиете корисни и интересни информации. Очекувајте повисоки трошоци за различни плаќања, сериозни пречекорувања на лимитот. 

БЛИЗНАЦИ 

Оваа недела ќе ве воодушеви со материјална или финансиска добивка или успех. Поволен развој на вашите активности и обврски поврзани со пари, имот и слично. Ќе им посакате добредојде на гости кај вас дома. Веројатност за нови лица во семејството или во соседството кои ќе ги среќавате со неверување, со доза на сомнеж. Бидете подготвени за нови можности и поволни околности да постигнете некоја цел. Можеби ќе се грижите или ќе одите во посета на некој болен, близок и сакан.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: