05 Декември, 2025
0.0365

Неделен хороскоп 27 11 - 03 12 2017

Објавено во: Општо 26 Ноември, 2017 15:10

Добивај вести на Viber


ЈАРЕЦ 

Ќе бидете во можност да постигнете разбирање и помирување со пријател со кого сте имале недоразбирања, спорови и конфликти во последниве неколку дена или недели. Ќе доживеете неочекувана ситуација или ќе одите на настан каде може да сретнете ново/непознато лице кое допрва треба да биде дел од вашата иднина. Очекувајте развој на одредени настани во животот на роднина или пријател што ќе влијаат врз вас директно. Од нив ќе зависат некои ваши идни одлуки и акции. Интересни можности за жените-Јарец во врска со финансиско обезбедување на различни планови, реновирање или преместувања во домот или ентериерот. Ќе добиете пари од женско лице (најверојатно роднина).

ВОДОЛИЈА 

Оваа недела се можни проблеми од финансиска природа поврзани со машко лице (роднина или пријател). Тешкотии и пречки може да се појават при добивање пари преку документ, банка или од друго лице. Здравствени сигнали што ќе бидат потсетник дека мора да преземете соодветна грижа и внимание. Избегнете го стресот и обидете се да размислувате позитивно во врска со сложени или емоционални ситуации неделава. Можеби ќе треба да помогнете во ситуација поврзана со син, внук… Некако тешка недела за вас, првенствено поради поголеми домашни грижи и обврски. Проблемите дома чекаат на вас да се решат. Ќе имате поголема одговорност кон најблиските и други сакани.

РИБИ 

Ова недела е погодна за неконвенционално лекување, вклучувајќи различни хомеопатски лекови/билки. Поволен развој во лечењето на член на семејството или близок пријател. Помирување во афера поврзана со недоразбирања, несоодветен настан/реакции. Непријатни вести во тек на некое патување и тие ќе ви бидат пренесени вам или, пак, вие ќе бидете вклучени на некој начин во ваков настан. Претстои ваше посериозно ангажирање за расчистување на финансиски проблеми или плаќања. Поволна недела за решавање на нејасни или проблематични односи со други лица поврзани со финансии, неплатени сметки или заеми/кредити. Можно е да ве посети машко лице кому му треба финансиска помош или совет.



Претходна страна  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: