Неделен хороскоп 03 04 - 09 04 2017
Објавено во: Општо 02 Април, 2017 17:45
ОВЕН
Во текот на оваа недела ќе се чувствувате расеани, или ќе имате силни реакции на она што некој ќе го каже или направи. Со еден збор ќе бидете раздразливи. Што и да се случува, лесно можете да го надминете овој стимул, ако успеете да останете со ладна глава. Избегнувајте непромислени реакции. Размислувајте пред да зборувате. Не ја закопувајте главата во песокот и соочувајте се со предизвиците. Немојте во ниту еден момент да заборавите што ви е важно – тоа е да бидете среќни, задоволни и исполнети.
БИК
Ја започнувате оваа недела со многу детерминираност и амбиција. Всушност, дискусиите со одредена повозрасна личност или партнерот ќе се одвиваат на многу добар начин и ќе изнаоѓате важни долгорочни решенија. Кон средината на неделата очекувајте позитивни финансиски пресврти и изненадувања, како и прекрасни интимни моменти. Новите одлуки и неочекуваниот пресврт, ќе ги сврти работите во ваша корист. Што и да се случи, дејствувајте брзо, бидејќи околностите ќе се менуваат.
БЛИЗНАЦИ
Односите со блиските не се многу добри. Јупитер ќе се обиде да ви покаже кој е правилниот пат за злижување со блиските. Не влегувајте во конфронтации бидејќи нема да добиете ништо. На работното место ќе биде многу монотоно и се што правите ќе ви изгледа безсмислено. Ако работата не ве исполнува, побарајте нова. Не стравувајте од промените. Ќе имате приходи но обидете се да зачувате нешто.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





