Неделен хороскоп 05 06 - 11 06 2017
Објавено во: Општо 04 Јуни, 2017 15:47
Јарец
Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Ќе дојде до делумно подобрување на вашиот приватен живот, но и понатаму постои можноста за провокации, па и конфликти кои нема да ви тргнат од рака. Затоа, не се залетувајте. Бидете трпеливи и негувајте го она што го имате.
Водолија
Очекувајте различни можности за соработка со странци и шанси за профитирање од нив. Ќе истражувате, ќе учите, ќе патувате, ќе го ширите вашиот живот. Многумина од вас ќе покажат интерес да ја проучуваат метафизиката, езотеријата или филозофијата. Потребата за интимност кај вас ќе зајакне. Затоа многумина кои што веќе имаат партнер со задоволство ќе се повлечат во својот дом и таму тивко ќе уживаат во пар.
Риби
Вашиот труд ќе биде препознатлив и вие ќе добиете на цена. Понекогаш ќе имате чувство дека премногу ве истакнуваат. Скромноста и некој вид срамежливост кои се ваша одлика ќе бидат за пример во овие кризни времиња. Ќе работите вредно и без премногу прашања. Веројатно ќе продолжат нејасностите во вашиот приватен живот. Најдобро ќе се чувствуваат тие што немаат никакви обврски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





