Неделен хороскоп 11 - 17 06 2018
Објавено во: Општо 10 Јуни, 2018 15:13
Јарец
Чуствувате минлива напнатост, но сепак ќе бидете мирни, а расположението ви се враќа. Дозволете си себе си повеќе време, негувајте го својот изглед. На некои од вас ќе му се исполни некоја стара желба. Односите на работното место не се онакви какви што посакувате, но треба да знаете дека не треба постојано да се наметнуавте со своите ставови. На финансиски план нема да дојде до некои поголеми промени, но внимавајте некоја непромислена одлука од ваша страна да не предизвика непланирани трошоци.
Водолија
Надворешните прилики ќе бидат завртени против вас. Иако проблемите воглавно ќе бидат обијективни, од деловна природа, вашата приватна сфера ќе трпи. Искористете го моментот бидејќи само со одлучна акција ќе го решите порблемот. Доколку ги вербализирате и тактизирате работите, би можеле да пропуштите одлична прилика. Растргнати сте помеѓу желбите и можностите. Не ви е лесно, но ќе мора да бидете трпеливи. Ќе успеете да го реализирате тоа што сте го наумиле, бидејќи не се откажувате така лесно.
Риби
Ќе бидете почуствителни од обично. Односите со околината ви се отежнати. Премногу сте горди за да прозборите за вашите проблеми и не сакате да се соочите со работниот неуспех. Сепак секоја ситуација делува корисно. Ослободете се од погрешни навики и прифатете ги зборовите од другите како добар патоказ за понатаму. Премногу темпераментно делувате во ситуациите за кои вашата околина или сакана личност има поинакво гледање и решение. Кај некои Риби постои можност за јавно промовирање. Би било добро вашето внимание да го свртите кон нешто кртеативно, популарноста на тоа поле би била поголема.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





