24 Ноември, 2024
0.0249

Неделен хороскоп 13 11- 19 11 2017

Објавено во: Општо 12 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Овен

Оваа недела очекувајте помош од други луѓе, но не и премногу успеси на работното место. Сега е време за завршување на обврските. Можни се недоразбирања на работното место. Премногу разговор може да ви штети, па затоа немојте лесно да се отварате пред другите . Вашите проблеми задржете ги за себе си. Што се однесува до љубовта се оди како што треба. Зафатените се задоволни од односот, а слободните повеќе ќе комуницираат со некоја личност што им се допаѓа.

Бик

Потрудете се оваа недела да поминувате повеќе време со партнерот. Ако сте слободни, повеќе ќе се посветите на работата. Компромисите се задолжителни на работното место. Некоја женска личност може да ви биде од помош. Добро се чувствувате. Вредни сте и полни со елан, сакате да воведете некои промени. Важно е само да не се префорсирате. Можни се некои ненадејни трошоци.

Близнаци

Се чувствувате помалку забавено. Толку многу сакате да сработите, но секогаш ви искрснува по некоја нова обврска и никако да го завршите планираното. Потрудете се да се држите до планот . Другите луѓе не може да ви бидат од голема помош, па воопшто и не ја очекувајте. Она што се менува од оваа недела е тоа што помалку време ќе бидете во домот, а повеќе ќе имате потреба да излезете од домот, во природа. Ако имате партнер, испланирајте некое патување, а ако сте слободни може да запознаете некоја интересна личност.


Следна страна

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.