05 Декември, 2025
0.2228

Неделен хороскоп 17 04 - 23 04 2017

Објавено во: Општо 16 Април, 2017 14:32

Добивај вести на Viber


Овен

Сѐ уште постојат мали задачи кои морате да ги завршите. Во дел од нив, вие ќе ја пропуштите главната работа, бидејќи целите не ви се сосема јасно. Сепак, обидете се да чекорите сигурно со сигурни потези, затоа што навистина немате потреба да се задлабочувате. Нема да постојат многу интересни работи за вас оваа недела, но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен.

Бик

Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување.

Близнаци

Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: