Неделен хороскоп 17.10 – 23.10.2016
Објавено во: Општо 16 Октомври, 2016
ОВЕН
Како што ќе одминува седмицата ќе биде сè појасно дека тоа што го работите има поголемо значење отколку што ви се чинело на почетокот. Тоа ќе ве мотивира да работите уште повеќе и уште подобро. Се наоѓате во фаза на богат социјален живот, но вашите ново настанати приватни односи ќе бидат од површен карактер. Сепак тоа не значи дека подоцна нема да се развие нешто подлабоко.
БИК
Работите лесно ќе ги завршувате, а вашата самодоверба ќе расте. Многумина овие денови ќе имаат можност да ги покажат и докажат своите способности. Ако сте сè уште сами, дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Тие ве чекаат. Оние што се во врска ќе почувствуваат како се развива нивниот однос во вистинската насока. Ќе им биде мило.
БЛИЗНАЦИ
Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина на алкохол или мрсна храна, само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност. Меркур ви дава можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе.
РАК
Ова е една од оние недели, кога она што на прв поглед се чини како пречка, па дури и загуба, на крајот може да се покаже како предност. Се чини дека поминувате низ некаков вид на прочистување кое вклучува ослободување од некои ситуации, кои ве ограничуваат во личната експресија. Постојат одредени ситуации во животот кои можат да бидат повеќе непријатни ако останете во нив, само затоа што сте навикнати на нив и се плашите да продолжите понатаму. А, посебно ако сте ги надминале сегашните околности.
ЛАВ
Она што ќе го слушнете и научите од другите ќе ве фасцинира. Вие лесно сте привлечени од оригиналните мислители, а тоа секогаш носи некакви предности. Дозволете си да бидете отворени за нови перспективи и креативни начини за восприемање на светот, кои ќе ви бидат предочени од страна на овие личности. Понекогаш со гледање на работите од поинаква перспектива, може да се појават сосема нови можности.
ДЕВИЦА
Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. Но, во исто време бидете подготвени да ги правите работите на малку поинаков начин; можеби треба да го промените својот дневен распоред, да гледате на работите од друг агол, или да пробате нешто ново. Бидете креативни и агилни!
ВАГА
Во други околности, ова е сезона за љубов, креативност и романса за Вагите, но се чини дека се чувствувате малку несигурни во таа сфера од животот. Свесни сте дека нешто треба да биде пуштено и ослободено, за да отворите простор за новите работи, кои се обидуваат да влезат во вашиот живот. За да се случи нешто ново, нешто треба да заврши! Па дури и тогаш, секогаш е важно да се биде во можност да се направи разлика помеѓу фантазијата, или нереалните очекувања и реалноста. Трезвеноста ќе ви помогне да ги избегнете компликациите кои би можеле да се случат во вашиот интимен живот.
СКОРПИЈА
Многу е важно да се задржи едноставност и јаснотија во односите со другите, а особено кога комуникациите се надвор од колосекот. Исто така е многу важно да се одржуваат реални очекувања од другите. Ако работите не се одвиваат на начин на кој ви посакувате, можеби е време да продолжите понатаму, или барем да поставите темели за конструктивни промени. Ако сфатите дека сте премногу свртени кон минатото, ќе дојдете до некои просветлувачки сознанија кои ќе ве ослободат и ќе се покажат како многу корисни.
СТРЕЛЕЦ
За да можете да одите напред, со цел да го прифатите новиот поредок кој се појавува во вашиот живот; прво ќе биде потребно да бидете волни да ги отпуштите работите и околности кои повеќе не се важешки, а можат да ве ограничуваат во вашиот понатамошен развој. Многу важен момент во тоа ќе игра точката на гледање на работите. Можеби начинот на кој сте гледале на себе и начинот на кој сте се доживувале себеси, веќе не одговара на она што сте сега.
ЈАРЕЦ
Влегувате во фаза кога многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогаш тоа ќе изгледа како да ви се нуди работа од соништата, но бидете реални и внимателни. Сè што не држи вода, оставете го. Останете професионалец. Веројатно малку ќе се оддалечите од саканата личност. Ова заладување нема сериозно да го сфатите, ќе го надминувате со хумор и позитивен став. Хуморот во секој случај е здрав, но внимавајте да не претерате со шегите на туѓа сметка.
ВОДОЛИЈА
Размислете за внесување на некакви промени во својот изглед; што носите и начинот на кој комуницирате; како зборувате и дали другите ве слушаат. Со ретроградниот Меркур во вашиот знак, во одредени моменти ќе ви биде тешко на правилен начин да го искажете тоа што го чувствувате. Во вакви околности е важно да останете стабилни, да размислите за своето опкружување и да останете доследни на себе. Иако постои можност да дознаете многу работи во текот на следниот период, сепак ова е недела на размислување и истражување, а не на конкретно дефинирање и споделување. Всушност, вие се запозвате себеси на подобар начин. Уживајте во процесот!
РИБИ
Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, ве очекува позитивен одек и поддршка меѓу соработниците. Потребно е да испланирате различни детали кои делуваат позитивно на околината и воедно ја поткрепуваат заедничката визија во успешната соработка. Доколку имате сериозна врска потребно е да се ослободите од непотребната недоверба или од емотивната кочница која вас ве спречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.