05 Декември, 2025
0.1179

Неделен хороскоп 19 02 - 25 02 2018

Објавено во: Општо 18 Февруари, 2018 14:25

Добивај вести на Viber

Овен 

Некакви промени се нагласуваат изминативе недели. Во текот на оваа и идната недела, ќе се расчисти некоја неизвесност. Тоа значи дека и вашите финансии ќе се стабилизираат. Работата подразбира дека ќе бидете повеќе во движење или патување – било за работа или до подалечно работно место. Внимавајте со кого се здружувате или што потпишувате. Многумина ќе размислуваат за почеток на приватен бизнис, но за сега само собирајте информации. 

Бик 

Проблемите од минатата недела премногу ве затворија во себе, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците. 

Близнаци 

Како резултат на одредени пречки или опструкции, ќе морате да барате мудри заобиколувања и да го контролирате своето однесување. Доволно е само да не ја расфрлувате вашата енергија, обидувајќи се да ги прибрзувате работите; на тој начин само ќе се исцрпите себеси. Наместо тоа, фокусирајте се на можноста за подобро поврзување со вашите партнери и блиски пријатели, на спонтан и иновативен начин. Искористете ја можноста да пронајдете решенија за некои хронични проблеми кои ве прогонуваат подолго време. Ќе биде потребно да гледате на работите од друга перспектива. Или пак можеби во разговорите со пријателите ќе имате блесоци на брилијантни идеи за справување со актуелните прашања и теми. 


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: