Неделен хороскоп 19 02 - 25 02 2018
Објавено во: Општо 18 Февруари, 2018 14:25
Вага
Ова е вашата недела. Неделава ќе ви донесе ентузијазам, добро расположение, желба за напредување и нови успеси. Одете на некое патување или испланирајте нешто такво. Не дозволувајте си себе си да се насочите само на една работа, на работа или љубов пред да се усогласите. Потребно е да имате план, за сепак да не си направите проблем со сите желби што ги имате. Односот со партнерот се подобрува, а и вие ќе почуствувате засилена потреба за заеднички живот.
Скорпија
Оваа недела ќе имате повеќе енергија од вообичаено. Добро се чувствувате. Немојте да бидете премногу крути во некои ставови поврзани за работата, попуштете малку за да почнете да ги завршувате обврските. Што се однесува до љубовта, немојте да криете некои работи од партнерот. Слободните може да влетаат лесно во авантура. На некое патување внимавајте каде го оставате паричникот и докум ентите, особено во превозот, во сообраќајот. Добро ќе ви дојде диета, не претерувајте со зачинета храна.
Стрелец
Не оптоварувајте се премногу со тоа што мислат другите за вас. Можеби ќе имате помал застој на работното место, но дајте се од себе си и повеќе потрудете се за да ги надминете сите препреки. Бидете пријатни кон соработниците. Дури иако нешто не ви се допаѓа кај некоја личност со која што работите, не морате секому се да кажете во лице. Напнати сте, но напнатоста ќе се намали до крајот на неделата. Сакате да воведете некои промени на работното место. Дружете се повеќе со пријателите. Преку интернет или преку пријателите може да запознаете некоја занимлива, весела личност. Зафатените, треба да му приредат некое изненадување на партнерот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





