05 Декември, 2025
0.1339

Неделен хороскоп 24 - 30 07 2017

Објавено во: Општо 23 Јули, 2017 17:06

Добивај вести на Viber


Рак

Луѓето со кои соработувате на работа, би можеле да ве изненадат со некој нов и неочекуван предлог. Во прв момент нема да знаете како да се поставите, но тие сами ќе ви дадат идеја што понатаму да направите. Само слушајте ги внимателно. Венера оваа недела ќе донесе продлабочување на конфликтите и дистанца во вашите лични односи. Веројатно повеќе ќе бидете посветени на себеси или ќе ги намалите своите љубовни очекувања. Но, тоа ќе биде добро за лично преиспитување.

Лав

Внимателно анализирајте ги своите соработници, како правилно би ги разбрале нивните работни мотиви или интереси. Нема причина да се однесувате премногу лежерно пред службените партнери, на таков начин го свртувате вниманието на себе и давате повод за различни коментари. Исполнети сте со креативна енергија и промислено решавате компликувани ситуации. Добро одмерете ги своите цели и улогата која ја имате. Се разликувате по начинот на размислување и делување во однос на саканиот(ата), но тоа нема да ви пречи да почувствувате заедничко задоволство.

Девица

Доколку ја сакате вашата работа, но не го сакате шефот, околностите ќе се променат на неочекуван начин. Некои од вас ќе добијат подобри услови за работа, а тоа директно ќе се одрази на вашето задоволство во секојдневието. Можно е да ги намалите излегувањата, а повеќе време да поминувате дома со вашата сакана личност. Оние кои се сами, љубовта би можеле да ја најдат на многу неочекувани места.


Претходна страна  Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: