05 Декември, 2025
0.0373

Неделен хороскоп 25.12 – 31.12.2017

Објавено во: Општо 24 Декември, 2017 16:25

Добивај вести на Viber

Овен

Време е да завртите нов лист и да го напуштите сето тоа што ве оптеретувало веќе подолго време. Ќе се чуствувате подготвени да тргнете понатаму што ќе ви донесе подобрување во вашата психичка состојба. Подгответе се за нови и возбудливи настани кои ќе ги има доста. Немојте да барате помош од страна, бидејќи таа може да биде недобронамерна или некритична. Оние кои се во брак ќе треба цврсто да се држат заедно за да можат зеднички да го решат проблемот кој ги засегнува. Ако сте слободни, излегувањето со една важна или многу драга личност предвидува дека вашите замисли комплетно ќе се реализираат. Бидете фини, складни и недостижни во конверзацијата, бидејќи само така ќе оставите добар впечаток.

Бик

Ќе помислите дека ништо не ви оди од рака. Односите со околината ви се лоши, а нема да се сложувате ниту со претпоставените ниту со колегите на работа. Ќе биде нагласен отпорот и ограничувањата. Воздржете се, бидејќи во вашите настојувања нема да бидете многу успешни. Некои од вас ќе имаат прилика да заработат дополнителни финансиски средства. Ако сте во сериозна врска, овој период е важен за нејзината иднина. Слободните би можеле да започнат нова љубовна приказна. Брачните врски се под добро влијание на планетите, па затоа можеби ќе размислувате за проширување на вашето семејство. Во кругот на семејството се чуствувате среќно и за да остане тоа така ќе мора повеќе време да останувате во него.

Близнаци

Изненадени ќе бидете од добрите деловни контакти, како на вас да чекаат на секој чекор, оваа работна недела. Поволни ви се контактите со личности кои се на висока позиција а нешто можете да решите и преку приватни контакти. Контролирајте ја импулсивноста и користете ги сите свои ресурси. Можеби веднаш не ја гледате перспективата на некои деловни работи кои сега ги почнувате, но тие секако ќе вродат со плод. Не е поволен период за купување на автомобил. Внимавајте добро што потпишувате. Пријатен емотивен период. Нови познанства и флертови нема да ви недостасуваат. Сепак, тешко дека ќе се одлучите за влегување во подолга врска. Крајот на неделата ви носи многу страсти.


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: