Неделен хороскоп 25.12 – 31.12.2017
Објавено во: Општо 24 Декември, 2017 16:25
Вага
Давате и добивате добри совети во овој период. Просперитетот е можен кај поголемиот дел на припадниците на овој знак. Поволен период доколку соработувате со странци или работите во некој голем колектив, каде ќе дојдете до израз. Вашите креативни идеи и предлози ќе наидат на одобрување од колегите. Можеби ќе ви понудат проект на кој можете добро да заработите или пак, хонорарна работа. Секако, финансиите ви се подобруваат. Токму кога помисливте дека сте заборавиле една личност и дека е време да продолжите понатаму, таа повторно се враќа во вашиот живот. Време е да го дефинирате тој однос и да го поставите на свое место. Ако сакате нешто ново, тоа сигурно ќе биде некој кој доста патува или моментално работи на некое усовршување.
Скорпија
Мислењето на другите неделава многу ќе делува врз вас. Можеби ќе се нервирате поради плеткањето на другите во вашиот живот, но подобро е да се смирите и убаво размислете кого ќе го слушате, а кого ќе го игнорирате. Не обрнувајте внимание на ситните озборувања и подметнувања на работното место, бидејќи ги има доста, дури и оние кои ве сакаат и ви мислат само добро. Ќе се соочите со некакви тешкотиии и ќе биде потребно да се согласите на некаков компромис. Во љубовната врска во која се наоѓате владее слична состојба. Па размислете и одлучете што сакате и што очекувате од вашиот партнер, а истото важи и за оние кои се во брак. Слободните претставници на овој знак ќе ги загрижува тоа што се сами.
Стрелец
На ова поле најдобро ќе ги извршувате работните задачи, највероватно поради добрата интуицијата и концентрацијата која неделава ќе доминира кај вас. Доколку работата ви е поврзана со повеќе луѓе, контактитете ќе ве измачуваат. Не влегувјте во непотребни расправии. Финансиската состојба и покрај сите очекувања, останува иста. Во љубовта не се препуштајте само на вашите страсти, туку погледнете малку и во срцето на вашиот партнер. Потрудете се да се дистанцирате од вообичаените семејни нетрпенија. Бидете подготвени на компромиси. Слободните претставници ќе бидат повеќе отворени за дружење и нови контакти.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





