Неделен хороскоп 26 09 - 01 10 2016
Објавено во: Општо 25 Септември, 2016
Овен
Љубовта повторно ќе ви биде во прв план оваа недела, затоа искористете ги наредните денови и повикајте ја на состанок личноста која ви се допаѓа, а доколку сте во врска уживајте во пријатните мигови со вашиот партнер. Вашиот среќен ден неделава е четврток.
Бик
Неделава ќе имате толку многу обврски, што во текот на целата работна недела нема да можете да кренете глава од работа. Но, затоа за време на викендот, одете на кратко патување со партнерот, каде ќе бидете далеку од сите проблеми. Вашиот среќен ден оваа недела е сабота.
Близнаци
Moжеби треба да размислите да земете неколку слободни денови и да отидете на кратко патување со партнерот или пријателите. Не рамислувајте за лошите работи и опуштете се забавувајќи се со најблиските. Вашиот среќен ден неделава е петок.
Рак
Добри вести, личноста која ви се допаѓа веќе подолго време ќе ве викне на состанок. Облечете нешто што ви прилега и блеснете на состанокот. За време на викендот, не останувајте дома, туку отидете на некоја добра забава што ќе ви го подобри расположението.
Лав
Кога станува збор за вашето расположение неделава, нема сомнеж дека ќе биде на највисоко ниво. Едноставно, оваа недела ќе ви биде од оние најдобрите во годинава. Очекувајте многу интересни моменти, а и една возбудлива, неочекувана средба со некоја личност од спротивниот пол.
Девица
Не дозволувајте неколку ситни проблеми да ве направат тажни и нервозни. Поразговатајте со некој блиок пријател кој ќе ви даде корисен совет. Време е повторно да се зближите со партнерот, бидејќи веќе некое време ви се заладени односите. Внимавајте на здравјето.
Вага
Искористете ги деновите кои ви ги нуди пролетта и уживајте во прекрасното сонце. На почетокот на оваа недела може да се чувствувате малку расеани, но сето тоа ќе помине до средина на неделата. Вашиот среќен ден оваа недела е среда.
Шкорпија
Kонечно можете да се опуштите, следуваат топлите денови кога ќе можете да уживате во сонцето и во зеленилото. Вашиот среќен ден неделава е вторник, па доколку размислувавте за некаква промена, тој ден ќе ви биде поволен да ја направите.
Стрелец
Оваа недела ќе се чувстувате како да ви цветаат рози на љубовно поле. Искористете ги тие денови и подарете му малку нежност на партнерот. Вашиот среќен ден неделава е понеделник, па искористете го за донесување на некоја важна одлука.
Јарец
Oваа недела можни се мали проблеми со вашите финансии, но доколку паметно ги трошите парите, проблемите ќе ги решите до крајот на неделата. Не сте во врска? Подгответе се за една нова љубовна авантура, која можеби ќе резултира со врска.
Водолија
Прифатете го фактот дека ова можеби не е ваша недела. Не паничете, нема ништо чудно во тоа да не ви се случи ништо за пофалба. Што се однесува на професионално поле, внимавајте што зборувате пред вашите колеги, бидејќи некои ваши коментари може да се свртат против вас.
Риби
Oва ќе биде недела во која минатото повторно ќе ви се појави во сегашноста. Не потпаднувајте на влијанието на вашиот поранешен партнер и едноставно кажете му дека вашето време поминало. За време на викендот облечете го најубавото парче облека кое го поседувате и импресионирајте ги сите со вашиот изглед.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.