05 Декември, 2025
0.0706

Неделен хороскоп 30 07 - 05 08 2018

Објавено во: Општо 29 Јули, 2018 15:10

Добивај вести на Viber

ОВЕН Во следните денови целото ваше внимание се концентрира на домот, семејството и приватниот живот. Ќе се чувствувате убаво со своите најблиски и ќе вложувате во квалитетот на односите. Ќе имате чести посети од страна на вашите пријатели и ќе поминувате убави и релаксирани вечери во вашиот дом. За некои од вас, односот со еден од родителите ќе биде многу важен. Но сепак, она што е важно е дека во следниот период ќе имате отворени можности да средите некои нерасчистени емоции од минатото, а во исто време ќе создавате хармонија во своето најблиско окружување.

БИК Ќе почувствувате промена на енергијата во две сфери од вашиот живот. Прво и најважно е тоа што хаосот, тензијата и бунилото, ќе исчезнат. Во зависност од тоа дали сте родени порано или подоцна во знакот, ова ќе се случи веднаш, или во следните три недели. Се очекуваат патувања, подобрување на финансиско ниво, подигнување на креативноста, повеќе забава, романтични инволвирања и она што е највжно – се враќа вашата доверба во иднината. Тешкотиите ќе избледнеат, а задоволството ќе се зголеми. Другата важна промена се парите – на повидок се значајни подобрувања.

БЛИЗНАЦИ Потребна ви е голема волја и енергија за да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегувајте во непотребни расправии. Ќе бидете многу чувствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите. 


Следна страна

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: