23 Ноември, 2024
0.0253

Неделен хороскоп 31.10 – 05.11.2016

Објавено во: Општо 30 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Овен

Тешкотии во комуникациите ќе имате се помалку. Подобрување очекувајте на секој план. Ќе бидете добро расположени, а добро ќе се снаоѓате со претпоставените. Сеуште може да ве погоди некој мал стрес, но без некоја голема тежина. Добро ви се аспектирани долгорочните планови и големите купо-продажби. Добро би било ако на ова поле посветите повеќе внимание. Амбициозните потфати исто така ќе бидат успешни. Вашите способности, особено кога е во прашање започнување на некој потфат ќе дојдат до полн израз.

Бик

Потрудете се оваа недела да поминувате повеќе време со партнерот. Ако сте слободни, повеќе ќе се посветите на работата. Компромисите се задолжителни на работното место. Некоја женска личност може да ви биде од помош. Добро се чусвтвувате. Вредн и сте и полни со елан, сакате да воведете некои промени. Важно е само да не се префорсирате. Можни се некои ненадејни трошоци.

Близнаци

Планирате подобрување на интериерот во домот, а за тоа ќе очекувате подршка од целото семејство. За жал сите ќе се оправдаат со некои свои обврски, така да на работа ќе мора да се препуштите самите. Не се грижете ќе имате доволно енергија да направите голема работа. Наградата нема да изостанe. Ќе ги обновите контактите со некои луѓе и ќе успеете да воспоставите нови релации со личности од минатото. Со малку тактичност и дипломатија ќе го постигнете посакуваното.

Рак

Оваа недела не е добро да потпишувате било што. Почекајте некој подобар период. Најдобро би б ило да се свртите кон средување на домот, на документите и битните нешта. Внимавајте да не заборавите на некои рокови што ги имате на работното м есто. Сега е време да се распрашате за некој телефон што сакате да го купите, па дури и за автомобил. Не запоставувајте ги роднините и пријателите, па иако можеби не сте расположени, посветете им време на драгите луѓе. Поминувајте повеќе време во домот со партн ерот. Слободните, преку работното место може да запознаат некоја личност што ќе им се допадне.

Лав

Потребна ви е голема волја и енергија да вложувате за да можете да ги завршите работите навреме. Многу работа, недоразбирања со колегите и претпоставените, ќе бидат главна карактеристика во овој период. Бидете потолеранти и не навлегуваjте во ситници и непотребни расправии. Не превземајте ништо и едноставно оставете ги работите сами на себе. Ќе бидете многу чуствителни на надворешните влијанија и туѓите мислења. Во една таква состојба лесно можете да се загубите. Некои од вас ќе бидат окупирани со нови идеи. Од некого ќе добиете корисен совет или ќе бидете личност која ќе треба да помогне на другите.

Девица

Фокусирајте се на себе си. Оваа недела е добра за работа, но и за љубов. Зафатените ќе уживаат, а слободните ќе се двоумат кого да изберат. Свртете се на уживање во добра книга, филм, добра храна. Помалку ќе бидете напнати поради помалите тензии во семејството, но решението е да се тргнете настрана и да не се оптоварувате. Потрудете се да го забавите малку ритамот и да внимавате што и кому му говорите.

Вага

Ова е вашата недела. Неделава дури и Венера е во вашиот знак, а сега по неколку години влегува и Јупитер во вашиот знак. Ќе ви донесе ентузијазам, добро расположение, желба за напредување и нови успеси. Одете на некое патување или испланирајте нешто такво. Не дозволувајте си себе си да се насочите само на една работа, на работа или љубов пред да се усогласите. Потребно е да имате план, за сепак да не си направите проблем со сите желби што ги имате. Односот  со партнерот се подобрува, а и вие ќе почуствувате засилена потреба за заеднички живот.

Скорпија

Оваа недела ќе имате повеќе енергија од  вообичаено. Добро се чувствувате. Немојте да бидете премногу крути во некои ставови поврзани за работата, попуштете малку за да почнете да ги завршувате обврските. Што се однесува до љубовта, немојте да криете некои работи од партнерот. Слободните може да влетаат лесно во авантура. На некое патување внимавајте каде го оставате паричникот и докум ентите, особено во превозот, во сообраќајот. Добро ќе ви дојде диета, не претерувајте со зачинета храна.

Стрелец

Не оптоварувајте се премногу со тоа што мислат другите за вас. Можеби ќе имате помал застој на работното место, но дајте се од себе си и повеќе потрудете се за да ги надминете сите препреки. Бидете пријатни кон соработниците. Дури иако нешто не ви се допаѓа кај некоја личност со која што работите, не морате секому се да кажете во лице. Напнати сте, но напнатоста ќе се намали до крајот на неделата. Сакате да воведете некои промени на работното место. Дружете се повеќе со пријателите. Преку интернет или преку пријателите може да запознаете некоја занимлива, весела личност. Зафатените, треба да му приредат некое изненадување на партнерот.

Јарец

Ќе бидете во извонредна форма, која мора на секој начин да ја искористите. Ве очекуваат навистина убави и интересни авантури, кои од некоја причина, ќе сакате да ги избегнете. На работното место ќе забележите значителна предност пред вашите соработници. Ќе доминираат вашата оригиналност и висока стручност што ќе ви овозможат да добиете некое признание на кое нема да обрнете некое поголемо внимание. Во комуникациите ќе бидете помалку колебливи, а како ќе се развиваат контактите ќе зависи од вашето однесување.

Водолија

Неделава можни се проблеми со техниката или некои помали дефекти. Ова не е добар период за купување нови предмети за во домот. Потрудете се да одите на некое пократко патување. Растоварете се некако. Очекувајте поддршка од партнерот во врска со работата. Слободните би било најдобро оваа недела да не влегуваат во некои сериозни приказни туку да се опуштат и да се посветат само на работата. Позитивни сте и одлично се чувствувате, а така ќе биде во текот на цела недела.

Риби

Прилично сте напнати поради работата. Подобра е соработката со жените отколку со мажите. Немојте да им позајмувате пари на другите. Зафатените не треба да влегуваат во расправии со партнерот. Ова не е добар период за решавање на било какви конфликти затоа што само ќе си направите поголем проблем. Оставете да помине оваа недела, да се смират страстите. Слободните се страствени и склони кон авантури.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.