НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Утре многу лош ден за овие знаци, кој ќе плаче до петок ?
Објавено во: Општо 31 Март, 2019
Овен
Оваа недела потрудете се да го извлечете најдоброто од себе. Случувањата кои ќе ги искусите ќе ви бидат од големо значење во понатамошната иднина. Оваа недела исто така, Меркур ќе ви донесе позитивни вибрации и подобрување на вашата финансиска состојба. Вашиот среќен ден оваа недела е понеделник.
Бик
Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Во среда, изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа. Кон крајот на неделата очекувајте повик од личност со која не сте биле во контакт подолго време.
Близнаци
Внимателно ја анализирате комплетната ситуација на работната сцена од различни аспекти и ги проценувате своите можности. Важно ви е да дефинирате вистински професионални вредности и да ги остварите своите цели. Посветете внимание на корисните информации. Доколку некој ве наведува на слободно емотивно изразување, прифатете добар поттик
Рак
Време е да престанете да верувате во соништа и да почнете да гледате реално на ситуацијата. Затоа, фатете се за работа и делувајте. Можна е мала расправија со партнерот, но со разговор сѐ може да се реши. Во втората половина на неделата, внимавајте малку повеќе на здравјето.
Лав
Поради обврските кои ќе ги имате неделава, можеби ќе немате толку слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.
Девица
Некој социјален настан или групна активност може да ве доведат до контакт со многу луѓе, без разлика дали се работи за блиски пријатели или повремени познаници. Некое ново лице ќе се појави во вашиот живот и ќе направи разлика. Вашиот среќен ден неделава е сабота
Вага
Физички, во текот на оваа недела ќе се чувствувате многу силно и енергично, а исто така ќе бидете подготвени за извршување на сите обврски. Ова за вас е многу добро, бидејќи би можел да се појави предизвик кој ќе донесе нов пресврт во вашиот живот. Оваа недела, среќен ден ќе ви биде вторник.
Шкорпија
Можеби почетокот на неделата нема да ви биде онака како што треба, но затоа вечерта ќе реши сѐ. Ве очекува возбудливо изненадување кое ви го подготвува вашиот партнер. Потрудете се да обрнете повеќе внимание на вашиот изглед, летниот одмор се ближи, време е за диета.
Стрелец
Во неделата која ви претстои, ќе се трудите да им докажете на сите колку можете, а притоа не бирајќи го начинот на кој ќе го спроведете тоа. Докажувањето дека можете добро да поднесете поголема количина на алкохол или мрсна храна, само вас ќе ве загрози, а притоа и ќе оставите впечаток на незрела личност. Меркур ви дава можност за позитивни промени, доколку конечно се договорите сами со себе.
Јарец
Упорните и добронамерните совети за здравиот начин на живот од страна на некоја личност која ја почитувате ќе предизвика голем отпор. Токму туѓите инсистирања ќе направат да почнете да размислувате за некои лоши навики, за кои сте свесни дека неповолно влијаат на вашата виталност. Неделава, Венера ќе ви донесе возбудливи изненадувања, бидете спремни.
Водолија
Неделава ќе ви помине во знакот на добитоците и тоа најверојатно оние кои одамна ги посакувате. Финансиската состојба, исто така се подобрува, па би можете да си приуштите и мал шопинг. Обрнете внимание на крвниот притисок и кардиоваскуларниот систем. Вашиот среќен ден неделава ќе биде петок.
Риби
Времето поминато со саканата личност е она што ќе ви ја разубави целата недела. Исто така, бидете подготвени да се посветите и на вашите пријатели, посебно на оние кои неодамна сте ги стекнале. Со квалитетен разговор, добра музика и храна, добрата недела е загарантирана!
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.