20 Декември, 2025
0.1234

Неделков: Нема да дадеме списоци за тоа кој штрајкува и по колку часа е на работа

Објавено во: Македонија 14 Април, 2022 13:41

Добивај вести на Viber

Јаким Неделков, претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура, на денешната прес-конференција рече дека штрајкот има се повеќе приврзаници и дека нема да се достават списоци до надлежните министерства за тоа кои работници во градинките и училиштата штрајкуваат и дали по осум часа присуствувале на работното место додека трае штрајкот. 

- Списоци нема да добијат,. Тој што ќе ги даде списоците за присуство на членовите што штрајкуваат се соочува со кривична одговорност. Може да дадеме само бројка, но не и со име и презиме. За работното време, по закон треба да имаат електронски читачи, а ако нема, тогаш претседателот на штрајкувачки одбор прави верифакација и ги следи кога кој дошол на рбаота и во секое време може да реферира пред надлежен за следење на штрајкот, но никако списоци. Меѓународните искуства се дека штрајкувачите ја водат установата, а не директорите. Ова е јасна порака дека директорите треба да седат и да чекаат инструкции од штрајкувачите, рече првиот човек на СОНК.

Неделков вели дека за разлика од училиштата, директорите на градинките вршат притисок над штрајкувачите по налог на Министерството за труд и социјална политика.

- Министерството за труд и социјална политика наместо да се обиде да најде заедничко решение, испраќаат писма кои се дадени како потсетување до директори како да постапоат и како да вршат притисок со закани. Тоа се неформални писма без печат, вели Неделков.

На вработените во градинките им се вршело притисок со закани за укинување на дневници и со потсетувања дека паузите се само 30 минути.

- Во одредени објекти штрајкувачите се затворани во мали простории и не им се дозволува кога сакаат да одат на доручек или во тоалет, или да излезат на чист воздух. Тоа е нехумано, на ваков начин не се гради заемна доверба и решение за проблемот кој го имаме. Не ги кажуваме овие објекти, но ќе ги повикаме инспекторатите и локалните самоуправи да направат проверки

Ако мислат дека цел живот ќе бидат директорки, се лажат. Директорската позиција е листопадна . Ова е за кривични пријави и ние од нив не отстапуваме. Со притисоци нема да не скршат па ако треба и плата да не земеме, додаде тој.

Неделков дополни дека штрајкот ќе прекине кога синдикатот ќе добие предлог. за зголемување на платите.

- Нека дадат процент, нека биде 18,4 отсто или друг процент. Ние можеме да штрајкуваме и повеќе од една недела, подвлече синдикалниот лидер.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки