19 Декември, 2025
0.1157

Недостиг на бензин на Кипар

Објавено во: Свет 21 Март, 2013 14:27

Добивај вести на Viber

Бензиските станици на Кипар се соочуваат со недостиг на гориво и постојат големи шанси од утре да почнат да се затвораат една по една.

Еден од сопствениците на бензиска станица во Никозија изјави дека има огромни проблеми со набавката на бензин. Тој објасни дека сопствениците немаат доволно пари во готово за да ги платат испораките. Обично плаќањето се врши преку платежни картички, но поради блокирањето на електронските банкарски операции тоа сега е невозможно.

- Откако ќе се продаде и последниот литар бензин, бензиските пумпи ќе бидат затворени. Ништо не може да се направи, се жалат сопствениците.

На Кипар јавниот превоз е многу слабо развиен, бидејќи целото работоспособно население се движи со сопствени автомобили.

Истовремено, кипарското Министерство за здравство категорично ги отфрли наводите во медиумите дека има недостиг од лекови.

- Нема никакви прекини на испораките на лекови. Во здравствените домови и во аптеките, како во државните, така и во приватните, снабдувањето со лекови останува на истото ниво, се наведува во соопштението на Министерството, кое уверува дека не постои причина за загриженост.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја