Недостиг на работна сила: Тренчевска оди во Будимпешта
Објавено во: Економија 11 Декември, 2023 09:35
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска е во Будимпешта, Унгарија, на конференција за недостаток на работна сила, а со себе води и делегација, во која има претставници од синдикатите и работодавачите.
Тренчевска ќе учествува на конференцијата „Управување со недостатокот на работна сила во Западен Балкан“ во организација на Меѓународната организација на трудот и ОБСЕ.
Како што соопшти МТСП, таа ќе ја отвори конференцијата и ќе учествува на работниот дел, а за време на нејзиниот престој во Будимпешта ќе се сретне и со регионалната директорка на МОТ, Клер Харасти.
Во делегацијата се и државниот секретар на МТСП Флакрон Беџети, шефицата на кабинет на МТСП Наташа Димеска, националниот координатор на МОТ во РСМ Емил Крстановски, претседателката на ОРМ Владанка Трајковска, претседателот на ССМ Слободан Трендафилов и други претставници.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




