20 Декември, 2025
0.0535

Недостигаат работници во индустријата оти платите се мизерни

Објавено во: Економија 03 Септември, 2016 12:37

Добивај вести на Viber

Преработувачаката индистрија, трговијата и услужните дејности во моментов се соочуваат со недостиг на работници.

Токму овие три сектори нудат најмногу слободни работни места или бараат над 6 500 работници .

Државниот завод за статистика вчера објави дека најмногу слободни работни места има во секторите продажба и услужни дејности. Сепак не треба да не изненадува оваа бројка имајќи го предвид износот на примања кои овој сектор им ги дава на вработените.

Ако погледнете неој од огласите на Агенцијата за вработување забележувате дека платите кои се нудат во овој сектор се многу ниски. Работодавците даваат од 10 до 15 илјади денари примања за овие профили. Платата на готвачи во услужните дејности би се движела околу 14 илјади денари, додека нешто помал износ на примања би земале градежниците околу 12 илјади денари.

Далеку повисоки плати , според огласите може да се забележат во јавниот сектор, претпријатијата и администрацијата.

Платите во тие сектори се движат од 20 илајди па нагоре.

Стапката на невработеност, според ДЗС во второто тромесечие изнесувала 1,38 %, додека додека 231.386 се водат како невработени лица.

Просечна плата само за кредити и храна

Македонските граѓани со две плати имаат само за преживување. Со нето просечна плата од 22.187 денари може да си дозволиме да ги платиме сметките и кредити во банка и да го наполниме колку толку фрижидерот. Статистика покажа срамен раст од 0.7% на просечната плата во јуни годинава споредбено со јуни минатата година. Во однос на мај пак ДЗС бележи од од 0,6%. Раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во има во секторите: Градежништво (10.6%), Административни и помошни услужни дејности (6.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%). Пад на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.7%) и Стручни, научни и технички дејности (3.4%). 1.6% од граѓаните во јуни останале без плата.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба