Добивај вести на Viber
Иако мешаните економски сигнали на пазарот на комерцијални недвижности во Европа останува силен, се очекува раст и на изнајмување и на профитабилноста на клучните пазари на континентот, предвидуваат од консултантската компанија Knight Frank.
Со исклучок на Франкфурт, капиталните вредности на бизнис имотот во сите главни градови во Европа остануваат под дофат пред кризата на врвни нивоа. Се очекува тие да продолжат да се зголемуваат, предвидува компанијата.
Општо земено приносот од првокласните средства се очекува или да се задржи, или малку да се подобри на секундарните пазари, како што се Амстердам, Брисел, Мадрид и Милано.
Најмногу значителен раст на изнајмување се очекува во Лондон, како и во Франкфурт, Милано и Мадрид. Изнајмувањата најверојатно ќе останат стабилни во Париз, Амстердам, Брисел, дополнуваат од компанијата.
Резултатите од истражувањето на советниците меѓу 200 инвеститори на глобално ниво покажуваат дека оваа година Шпанија е омилена дестинација за вложување во комерцијални недвижности. Земјата е избрана на прво место од 26% од испитаниците. Од испитаниците 25,3% ја посочиле Велика Британија како свој прв избор за насочување на вложувањата, а 19,2% се одлучиле Германија.
"Европа се враќа на мапата на инвеститорите. Пазарот го достигна дното и насоката на развојот, по наше мислење, е ќе остане позитивен во следните 12 месеци, иако со одредени разлики помеѓу одделните пазари ", вели Крис Бел, управен директор за Европа во компанијата.
Тој предвидвидува дека во следните 12 месеци пазарот ќе продолжи да еволуира кон "нормалност".
K.K.