НЕДВИЖНИНИ, АКЦИИ, ДЕПОЗИТИ: Во што да вложуваат граѓаните во време на криза?
Објавено во: Економија 01 Ноември, 2022 06:59
Во време кога земјава и Европа се соочуваат со висока инфлација, ги прашавме граѓаните во што би вложувале доколку би имале поголема сума на пари на располагање.
Tие објаснуваат дека на оваа тема немаат многу познавања, а освен тоа тешко успеваат да штедат. Доколку имаат избор, би купиле имот или би штеделе во банка, додека за купување на акции велат дека тешко би се одлучиле.
„Најдобро е да вложиш во имот, во земјиште. Ние како граѓани не сме економски писмени за да знаеме во што да вложиме. За нас треба многу едукација на оваа тема“, вели Тана Димитриевска, граѓанка.
Другите анкетирани велат дека купувањето на недвижен имот за нив е опција која не губи.
„Можеби би купила стан. За знаење не стоиме толку лошо, но луѓето немаат пари“, објаснува Маквире Ч, граѓанка.
Друга повозрасна граѓанка вели дека во време на криза, ако има можности, би штедела во странска валута.
„Јас би штедела во швајцарски франк, затоа што тој е најсигурен. Мислам дека луѓето знаат, што се однесува за вложување во станови, но за вложување како акции, не се информирани“, рече Ружа Ч, граѓанка.
Ги прашавме Генерали Инвестментс за совет, во што е најдобро граѓаните да вложуваат. Оттаму велат дека не препорачуваат штедење во една валута. Додаваат дека најдобро е да се направи валутна распределеност. Како пример посочуваат дека еврото и денарот се врзани со курс 61.5, а падот на еврото на светските пазари резултираше со пораст на другите валути во однос на денарот. Велат добро е да има поделеност во повеќе валути, да не бидaт само евра и денари.
„Диверзификацијата е клучен фактор за успешно долгорочно штедење. Централните банки остануваат најважниот играч на пазарите на капитал. Монетарната политика се заострува и речиси и да нема надеж за брзо намалување на стапката во 2023 година. Главната економска политика е борбата против инфлацијата, а рецесијата е неопходно зло што мора да го прифатиме. Ова и високата цена на енергијата значително ја намалуваат довербата на потрошувачите. Штедењата се силно под влијание на високата инфлација. Нагло успорување на економскиот раст и премин во стагфлација е многу веројатното сценарио. Историските податоци покажуваат дека од главните категории на инвестиции во услови на стагфлација, акциите имаат најдобри резултати, по нив следат недвижностите, потоа обврзниците и на крај пари или депозит. Бидејќи централните банки и економските политики кои брзо се менуваат остануваат непредвидливи, потребата за диверзифицирано портфолио е голема. Изминатиот период беше забележано јакнење на американскиот долар во споредба македонскиот денар што беше резултат на падот на еврото на светските пазари, но останува фактот дека успорувањето на економската активност во САД е значително помало и дека економската позиција на американската економија и компаниите е многу подобра од тие во Европа или од пазарите во развој“, велат од Генерали Инвестментс.
Бројките покажаа дека македонските граѓани штедат и во време на криза. Вкупниот износ на депозитите на населението во септември 2022 година изнесуваше 325 милијарди денари или 5,27 милијарди евра, односно изразено во проценти, тоа претставува пораст од 5,41 отсто споредено со истиот период лани. Ширум Европа земјите се борат со инфлација каква немале со децении.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили




