20 Април, 2024
0.0264

НЕДВИЖНИНИТЕ ИМ СЕ СКАПИ: Еве како луѓето се снаоѓаат за живеалишта

Објавено во: Стил 13 Март, 2019

Добивај вести на Viber

Граѓаните на Хонгконг се принудени да живеат во бродски контејнери и бетонски цевки, и тоа легално, затоа што недвижнините се многу скапи. 

Жилбер Вонг и неговата партнерка не помислувале дека ќе живеат во метален контејнер кога почнале да бараат стан. Меѓутоа, кога сфатиле колку се високи станарините, а уште поскапи цените на становите, биле присилени да се одлучат за „дом“ од 19 квадратни метри направен од метален контејнер.

Тие сега секој месец плаќаат околу 570 долари, а за само една соба со истата големина во Хонгконг месечно се бара најмалку за 20% повеќе.

Не може да се направи ни проценка колку вакви монтажни домови функционираат во Хонгконг во моментов, но се знае дека потребата за вакви домови расте. Нарачките за контејнери се двојно зголемени во споредба со 2016 година, а во 40% од случаите станува збор за станбен простор.

Компанијата Markbox, која се занимава со изградба на монтажни домови, годишно произведува околу 200 станбени контејнери. Ваквите домови се со површина од 30 квадратни метри, а за нивно купување се потребни околу 19.100 долари.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган