НЕГАТИВНИ ПОСЛЕДИЦИ: Тие поради Брегзит ќе страдаат најмногу…
Објавено во: Економија, Свет 08 Август, 2016 13:15
Сама Британија ќе страда најмногу поради Брегзит во економска смисла, но и други членки на Европската унија, посебно Ирска, исто така ќе ги почуствува негативните последици.
Според проценките на 762 експерти од 112 држави во светот, кои во период од 1 до 27 јули учествувале во анкетата на германскиот економски институт Ифо, Брегзит не би требало да има никакво влијание на Северна Америка, Блискиот исток и членки на Заедницата независни држави, додека најмногу краткорочно негативно влијание ќе има врз 15 членки на ЕУ.
„Се очекува Брегзит да има големи последици на економијата на сите членки на ЕУ. Земјите од Комонвелт (со исклучок на Британија), краткорочно и средорочно гледано, ќе се соочат со нешто поблаги последици“, се наведува во анализата на Ифо.
Кај повеќето индустријализирани и земји во развој едвај ќе дојде до некои промени од умерно негативно краткорочно до среднорочно економски импликации поради Брегзит, оценуваат експертите, изразувајќи истовремено загриженост во поглед на среднорочните перспективи на најмалку развиените земји.
Можеби ќе ве интересира
Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?
Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите




