28 Април, 2024
0.0296

Неизвесна иднината на вработените во Скопски пазар, нивниот број е преполовен

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Во дописите на вработените до медиумите се наведува дека во период од три години, од 2014 до 2017 година има доцнење во исплатата на три плати, како и неисплатени трошоци за здравствено осигурување со што работниците се принудени да плаќаат приватно лекување. Заклучно со минатата недела, тие не примиле плата за декември. Стравуваат за своите работни места, затоа што компанијата во последните три години го преполовила бројот на вработени – од 400 во 2014 година, денес се сведени на околу 200.

Незавидната состојба во која се наоѓа Скопски пазар ги загрижува вработените и ја прави неизвесна нивната иднина. Последните случувања со продажба и издавање на атрактивни објекти на компанијата, кои дојдоа како конечна потврда дека некогашниот трговски гигант ја загуби борбатасо конкуренцијата, дополнително ја отежнуваатпозицијата на вработените.

Помал дел од вработените кои успеале да најдат работа заминале самоиницијативно, свесни дека Скопски пазар не е стабилен, а дел од работничките, околу 80, се префрлени на работа во ЗУР и Кит-го, двете фирми кои сега ги рентаат маркетите на СП. Дел од работниците морале да завршат и како технолошки вишок.

Од последниот полугодишен извештај на Скопски пазар доставен до Македонска берза се гледа дека за шест месеци, компанијата направила профит од нецели 10 илјади евра. Во текот на минатата година, за само девет месеци, приходите од продажба паднале за 23 отсто. Во изминатите три години компанијата загубила 60 проценти од своето пазарно учество.

Лани, доминацијата на актуелното раководство на Скопски пазар, семејството Давитковски, го разниша компанијата Современ дом од Прилеп, кој најави влез и санирање на состојбите во СП и стана најголем поединечен акционер. Во ситуација кога првите луѓе на компанијата предводена од Сашо Давитковски масовно го рапродаваат и издаваат атрактивниот имот, дел од вработените се сомневаат дека парите  всушност завршуваат за откуп на акции од страна наактуелното раководство, кое се обидува да го задржи приматот во СП.

Вработените се надеваат декаголем дел од дилемите поврзани со иднината на Скопски пазар ќе се расчистат во наредниот период кога ќе се одржи акционерското собрание. Според извори во фирмата, постојат тужби и кривични пријави поднесени против раководството на СП, кои дополнително ќе ја разгорат борбата за превласт во некогашниот трговски гигант.

Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност