19 Мај, 2024
0.0307

НЕКОГАШ БИЛЕ СИРОМАШНА ЗЕМЈА НА ПЕРИФЕРИЈАТА НА ЕВРОПА: Направија пресврт и станаа симбол за успех

Објавено во: Свет 11 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Во средината на 19 век Шведска беше сиромашна земја на периферијата на Европа, се преживувало од земјоделие, но благодарение на бројни промени и реформи успеале да му се приклучат на глобалниот развој, да ја следат индустриската револуција и да се трансформираат во една од најдобрите земји во светот.

Денес, Шведска има околу 10 милиони жители, БДП по жител изнесува повеќе од 51 000 долари, што ја сместува меѓу најбогатите земји. Иако имаат многу силна индустрија, дури 65 отсто од БДП го сочинуваат услуги додека индустријата учествува со 33 отсто, а земјоделието со 1,6 отсто.


Слично е и со работната сила која дури 86 отсто работи во услужен сектор, во индустријата 12 отсто а во земјоделието само 2.

Индустриската револуција од премин на 19 во 20 век, Шведска ја искористила за скокнување во воз кој во наредните години ќе ги однесе на светски врв. Во 1900 година 50 отсто од Швеѓаните биле поврзани со земјоделие, но нови, модерни машини овозможиле модернизација и на тој сектор, но и развој на останатите сектори па брзо станале големи извозници на челик, железо и дрво. Започнал силен развој на индустријата и извозот кој им годел и на европските економии, кои генерирале голема побарувачка за шведските производи. Во тоа време настанале и многу акционерски друштва, денес мултинационални компании како Ериксон, АББ и сл.

Тогаш почнал да се користи уште еден ресурс - вода, односно , реки и водопади на северот на земјата, кои се искористени за производство на релативно евтина електрична енергија. Евтината енергија и овозможила на шведската индустрија конкурентност на глобалниот пазар. Тогаш се поставени темелите на шведската индустрија засновани на инженерство, рударство, производство на челик и дрво, чии контури ги препознаваме уште и денес.


Секако, низ историјата не одело се мазно, но Шведска низ фазите на развој, воглавно успешно им се прилагодувала на промените, што и осигурално долгорочен успех.

Иако не учествувала во Првата и Втора светска војна, тие имале значајно влијание на нивната економија. 

После Втората светска војна следеше период на економски цут. Шведска не учестувала ни во таа војна па нивните индустриски постројувања, и работна сила останале недопрени, што им дошло добро во поствоената обнова на Европа.

„Шведскиот модел“ тогаш настанал како историски компромис помеѓу социјалдемократската влада и индустрискиот сектор кој е во приватна сопственост, и претставувал среден пат помеѓу планската економија и капитализам. Големите компании се во приватна сопственост, со исклучок на некои државни монополи, и паралелно се развивал приватниот сектор. Значи, накратко, големата индустрија во приватна сопственост, голем јавен сектор финансиран со даноци, силни синдикати, па е државата со активна улога низ разни политики на пазарот на труд.

Во почеток, работата добро функционирала. Од работните 50-ти години до крајот на 70-тите Шведска е една од најуспешните западни земји.

Во текот на 70-тите доаѓаат проблемите. Шведска е погодена од нафтена криза.

Падот на глобалната економска активност ги извадил на површина проблемите кои не биле видливи додека економијата силно растела во 60-тите години. Високите даноци и нивоа на разни регулации сега станале преголемо оптеретување. Владата во 70-тите се обидувала со субвенции да ги спасува челичаните и бродоградилиштата , но тоа се покажало само како краткорочно решение.

Решението дошло во 80-тите во вид на дерегулација. Шведска во текот на 80-тите сфатила дека ако сака да ја зголеми конкурентноста на глобалниот пазар мора да дерегулира бројни сектори.

Следеа години на економски раст, се до 90-тите кога Шведска се соочи со пукање на недвижниот балон, кој настанал по дерегулација на финансискит пазар и силен раст на кредитирање, но Шведска тогаш направила пресврт.

Воведуваат врамнотежен буџет, државната потрошувачка се ограничува со цел доведување на јавните финансии во позитива.

Шведска станува една од финансиски најодговорните земји на Еворопа. Јавниот долг е околу 40 отсто од БДП. Буџетските приходи се поголеми од расходите (274 милијарди долари / 270 милијарди долари).


Паметното управување со јавни финансии им овозможило и после глобалната криза да избегнат изненадни кратења, а успеале и да ги намалат даноците.

Шведска денес е модерна економија, свртена кон високи технологии.

Многу, денес глобално познати технолошки компании, некогаш стартапи, како Скајп и Спотифај имаат корени во Шведска.

Иако Стокхолм е главен град и бизнис центар на Шведска и останатите делови се многу развиени - тие се единствена земја на ЕУ во која сите региони имаат БДП над просекот.


Можеби ќе ве интересира

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

Стратегија за надминување на проблеми со недостиг на лекари специјалисти, бара научната фела

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

За оваа овошка сигурно не сте ни слушнале, а донесува одлична заработка: Цената е 5 евра за кг, а е се популарна во Европа

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Спектакуларна кражба на криптовалути во САД: Студенти од престижен универзитет украле 25 милиони долари за 12 секунди

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Живееме се подолго, тврди нова студија: Глобалниот животен век во 2050 година ќе биде - 78,2 години

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Ова е директорот со најголeм бонус во светот! Го частеа повеќе отколку што му е годишната плата-причината 100 отсто оправдана!

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Шок сцена во Парламент: Пратеник украде важни документи од опозицијата, а потоа настана општ хаос (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Франција изгуби контрола над делови на Нова Каледонија: На островот одекнуваат истрели и експлозии (ВИДЕО)

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

Советот на Европа го усвои првиот меѓународен договор за вештачка интелигенција

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто

„Кина е клучниот снабдувач во светот“: Светската индустрија тешко ќе се одвикне од производството на истокот, еве зошто