17 Декември, 2025
0.0522

Некогашните заробеници на Голи Оток не даваат на островот да се градат хотели

Објавено во: Балкан 04 Август, 2014 09:40

Добивај вести на Viber

Спомен-обележје на Голи Оток наместо хотелски комплекс, бара Здружението на некогашните заробеници на островот „Анте Земљар“. Како што објавува српски Курир, Здружението испрати отворено писмо до хрватската Влада во кое протестира за плановите Голи Оток да се најде меѓу 100-те недвижности за кои Хрватска бара инвеститори кои ќе го развиваат туризмот. Местото на кое илјадници затвореници од поранешна Југославија издржувале казна во нехумани услови и изложени на измачувања, од кои многумина таму го загубија животот, не смее да се гледа како комерцијална локација и место за рекареација, смета Здружението. Наместо тоа бара на островот да се изгради Меморијален центар, кој ќе потсетува на страдањата на луѓето некогаш заробени на овој остров најчесто како политички затвореници. „Дали сме подготвени сопственото минато да го ставиме на јавна распродажба? Логорот на Голи оток е пример за грубото кршење на човековите права, каде од 1949 до 1956 година беа околу 13.000 затвореници без права на одбрана и судење, од кои 400 не ја преживеаја тортурата. Во текот на физичка работа, во најтешки услови тие изградија згради и патишта, кои денес во циничниот бирократски речник стануваат предмет на понуда на инвеститори“, стои во писмото. Здружението смета дека изградбата на Меморијален центар на островот би можела да биде заеднички проект на сите поранешни ју-републики, бидејќи Голи Оток е дел од историјата на сите нив. Хрватска го продава „Голи оток“: На местото на злогласниот логор ќе никне туристички комплекс

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни