25 Септември, 2018
0.3114
    ADIN 560    0%     ALK 8011.26    0.13%     BESK 10100    0%     CEVI 1000    0%     FERS 61100    0%     GRNT 820    0%     KMB 5178.93    0.08%     MERM 2200    10%     MPOL 320    1.91%     MPT 47284    0.58%     MTUR 4800    0%     OHB 6665.78    1%     OKTA 4307.96    0.28%     RMDEN13 95.12    -1.94%     RMDEN17 96.2    0.1%     STB 1115    0%     STIL 128.55    0.05%     TTK 1140    0.44%     UNI 2300    -0.32%     VITA 9189    4.81%

НЕКОИ ПРИОРИТЕТИ ЗА ИДНИОТ РАЗВОЈ НА ПРЕХРАНБЕНИОТ СИСТЕМ

Објавено во: Агробизнис, Колумни 19 Август, 2018

Агрегатно влијание на факторите кои ги определуваат промените во прехранбениот систем и земјоделството тешко можат да се оценат. За оваа цел се разработени голем број модели (ФАО). Организација за економска соработка и развој. Меѓународниот институт за истражување на прехранбената политика и други, кои треба да дадат одговор за последиците од влијанието на очекуваните неповолни движечки сили. Резултатите од тие модели се единствени – постои голема сигурност во верувањето за порастот на цените на прехранбените производи во наредниот период. Се смета дека долгорочните тенденции на ниски цени на земјоделските производи се исцрпени.

Во рефиратот на ФАО, “Worlel agroculture towuards 2015/2030” се прогнозира дека во долгорочно разработениот план, темпото на пораст на светската побарувачка на земјоделските производи ќе се забави, бидејќи се намалува темпото за пораст на населението и достигањето на задоволително ниво на побарувачката во многу земји.

IMPAKT  моделот на Меѓународниот институт за истражување на прехранбената политика прогнозира пораст на цените на житата до 2050 година, главно поради намалување на приносите како резултат на климатските промени. На второ место, прогнозираните ценовни нивоа до голем степен зависат од продуктивноста, поради ограничените можности за зголемување на обработливите површини. И трето, либерализацијата на трговијата со земјоделски производи, може да компензира некои негативни ефекти на недоволната понуда.

Во врска со актуелното прашање за влијанието на производството на биогоривото врз цената на храната се вели дека голем дел од истражувањата предвидуваат висок раст на цените без да ја имаат во предвид зголемената понуда на земја при новите ценовни услови.

Политиката за порастот на цените на храна на долг рок и нивната нестабилност предизвикува загриженост. Закономерно се наметнува прашањето: како да се обезбеди пристап до храна на подносливо ниво кај сиромашното население. Можни се повеќе опции и потребен е избор или комбинација помеѓу: ценовна контрола, субвенции на цените, правење на залихи, поддршка на производството на малите фарми во сиромашни подрачја и др. Потребно е да се каже дека цените имаат и позитивна страна, од тоа ќе печалат производителите и веројатно ќе одговорат со поголемо производство, ќе се создадат стимулации за рационално користење на ресурсите, ќе се овозможи развој на други дејности поврзани со земјоделството особено во сиромашните региони.

Обезбедување на одржлив начин во производството на доволна количина на достапна храна за населението на земјината топка е главна цел на политиката во областа на исхраната. Историски, гледано, порастот на производниот потенцијал на светското земјоделство е доволен да ја задоволи ефективната побарувачка.

Постојат голем број можности во однос на тоа како да се постигне главната цел. Но тоа ќе зависи од напредокот во некои области како што се: повисок степен на користење на постојните знаења и технологии, примена на научните достигнувања, намалување на загубите, зголемување на ефективноста врз основа на подобро управување и влијание врз побарувачката.

Важно е да се оствари повисока продуктивност врз основа на постојните знаења и искуство. Се гледаат разлики во продуктивноста помеѓу земји и региони кои не можат да се објаснат со разлика во почвените, климатските и други услови, т.е. кои се должат на изоставање во искористувањето на постојни технологии, знаења и умеења. Причините можат да бидат различни, вклучувајќи и такви кои не се во земјоделството, непогодна бизнис средина, недостиг на стимул за претприемачко однесување и др.

Примената на постојните знаења може да се постигнат преку мерки од неколку области:

-  Развивање на системот за ширење на знаењето. Современите информатичко комуникациски технологии (ИКТ) претставуваат нови ефективни можности за ширење на знаењата во селските средини и кај фармерите.

-  Подобрување на пазарната средина и достап до пазарот вклучителниот развој на пазарната инфраструктура, регулаторните механизми, здружувањето на производителите, пристапот до финансиски услуги и земјоделска поддршка.

-  Развој на инфрастуктурата. Поддршка во овој однос е од особено значење за подобрување на пристапот до крупните (градски)  пазари и извоз. Особено е  важна патната инфрастурктура како услов за интегрирање на затворените селски региони во националната и светската економија.

Неопхнодноста од производството на повеќе храна и новите предизвици што се наметнуваат од климатските промени, бараат интензивен развој на нови научни решенија за зголемување на продуктивноста. Ниту зголемувањето на продуктивноста, ниту приспособување кон климатски промени и намалување на емисиите на стакленички гасови може да биде постигнато без нови научни постигнувања и нивна примена во земјоделското производство. Овие фактори го формираат порастот на интересот кон научните истражувања во земјоделството и прехрамбениот сектор во целина, а како најважни области на научно-истражувачката дејност со создавање на нови сорти културни растенија и раси продуктивен добиток базирани на постигнувањата на геномната биологија, знаењата за почвата, технологијата на производството, исхраната, управувањето на производството и др.

Намалување на загубите на продукцијата. Можеби е тоа најдиректниот пат за зголемување на расположливата количина на храна. Се оценува дека загубите на погодна храна за човечка консумација изнесува околу 30% како загуби на сите нивоа – од нива, преку прибирање на реколтата, подготвување  на храната, складирањето и преработката до доставувањето до потрошувачите и подготовката за консумација. Загубите се на различни нивоа во зависност од нивото на развиеност на земјите. Кај земјите во развој загубите се поголеми во периодот непосредно по прибирање на реколтата поради недоизградена инфраструтура за чување, додека кај развиените земји загубите се најголеми кај потрошувачите во приготвување на храна за консумација. Прогнозирањето на долгорочно зголемување на цените на храната, не доведе до стимулирање на намалување на загубите.

Регулаторна рамка на светскиот прехрамбен систем и трговија со земјоделски производи е особена важна, бидејќи проблемот за исхрана на населението и одржливо земјоделско производство е глобален и бара глобални решенија. Сепак напредокот во овој однос не е лесен, поради различните спротивставувања на политички влијателни групи поврзани со долгогодишната поддршка на земјоделците во развиените земји.

Аграрниот протекционизам на националната политика наоѓа основаност и во штетните последици од климатските промени и нестабилност на цените на светските пазари. Пореметувањето на светскиот пазар е поврзано не само со трговските ограничувања но и со поддршката на земјоделското производство. Поддршката не смее негативно да се одразува на функционирањето на пазарните механизми.


Проф. Др. Борис Анакиев

Можеби ќе ве интересира

Николовски: Членството НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и подобра благосостојба на животните

Николовски: Членството НАТО и ЕУ ќе гарантира безбедна храна за граѓаните и подобра благосостојба на животните

Акциски план на АХВ во фармите за одгледување свињи - што покажаа резултатите?

Акциски план на АХВ во фармите за одгледување свињи - што покажаа резултатите?

СИТЕ НАВАЛИЈА: Овоштар го реши проблемот со недостиг на работна сила

СИТЕ НАВАЛИЈА: Овоштар го реши проблемот со недостиг на работна сила

Николовски: Секоја инвестиција во младите е инвестиција во иднината на оваа држава

Николовски: Секоја инвестиција во младите е инвестиција во иднината на оваа држава

Во Србија „тепачката“ за домашен ајвар го поскапе двојно пиперот

Во Србија „тепачката“ за домашен ајвар го поскапе двојно пиперот

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма, досега само за првиот јавен повик се склучени 898 договори

Започна исплатата на првите договори од европската ИПАРД 2 програма, досега само за првиот јавен повик се склучени 898 договори

Министерот Николовски доби плакета за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Министерот Николовски доби плакета за најуспешен министер за земјоделство, шумарство и водостопанство

Николовски во Битола: Исплатени 150 милиони денари за субвенции за трета фаза за предадено млеко

Николовски во Битола: Исплатени 150 милиони денари за субвенции за трета фаза за предадено млеко

Николовски: И оваа година се фокусираме на младите земјоделци, од денеска ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра

Николовски: И оваа година се фокусираме на младите земјоделци, од денеска ќе можат да конкурираат за финансиска поддршка од неповратни 10.000 евра