07 Април, 2025
0.0518

ДИСЦИПЛИНСКА ЗА ДВАЈЦА ПОЛИЦАЈЦИ: Лажно тврделе дека непрописно паркираното возило во Дебар Маало е службено

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 23:20

Добивај вести на Viber

Полицијата поведе дисциплинска постапка против двајца полициски службеници кои лажно тврделе дека непрописно паркираното возило пред угостителски објект во скопско Дебар Маало е службено. 

Од Министерството за внатрешни работи(МВР) дадоа објаснување за снимката која излезе во јавност. 

„По извршен увид во службената документација, констатирано е дека полицискиот службеник С.Н. од ОБПС Скопје, на 22.03.2025 постапувал по наредба за вршење дејност за непрописно паркирани возила. Од страна на граѓанинот С.Н., на телефонскиот број 192 било пријавено дека на улица ‘Орце Николов’, во близина на ресторан, непрописно било паркирано возилото ‘порше каен’“, информираат од МВР.

Полицаецот С.Н. се упатил на локацијата во придружба на пајак-возило и двајца вработени во Јавното претпријатие за јавни паркиралишта на Општина Центар. Таму го затекнале непрописно паркираното возило и групата револтирани граѓани кои барале автомобилот да биде отстранет оттаму. Тогаш од угостителски објект во близина излегле две лица кои се легитимирале како полициски службеници, тврдејќи дека возилото е службено.

„Полицискиот службеник С.Н. им наредил веднаш да го отстранат возилото и да го паркираат на соодветно место, по што влегол во кабината на пајак-возилото со цел да провери дали возилото навистина е службено. Откако утврдил дека возилото не е службено и дека сè уште не е отстрането, на вработените од ЈП за јавни паркиралишта им дал наредба да го подигнат возилото, по што истото било пренесено во депото“, додаваат од Министерството.

Таму друг полицаец направил записник за сторен сообраќаен прекршок и издал платен налог во кој како сторител на прекршокот е наведен С.К. (76) од Скопје. Сопственик на возилото, пак, е извесен М.Т. (48) од Скопје.

„Двете лица кои се претставиле како полициски службеници и тврделе дека возилото е службено, со патничко возило ‘форд мондео’ се упатиле кон депото. Полициските службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди извршиле проверки за возилото ‘форд мондео’ и констатирале дека истото го управувале полициските службеници Т.Д. и И.С., распоредени во Одделението за лично обезбедување на Претседателот на РМ“, додаваат од МВР.

За полицајците е констатирано дека сториле потешко прекршување на работниот ред и дисциплина.

Можеби ќе ве интересира

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

СНЕЖНА ИДИЛА НА БРЕГОТ НА ОХРИДСКОТО ЕЗЕРО - еве како беше по обилните врнежи (ВИДЕО)

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ СЕ ОГЛАСИ СО ПОРАКА: ЗНАМ ќе има свој кандидат за градоначалник на Куманово, владиното мнозинство е стабилно

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

ОБЛЕЧЕТЕ СЕ УБАВО, ДЕНЕСКА ЌЕ ДУВА СИЛЕН ВЕТЕР - температурите под просекот, еве што не очекува оваа работна недела

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

Филипче: Ова е доказ дека нашите членови веруваат во исправноста на политиките кои ги водиме

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема

ЦЕЛОСНО ЗАТВОРЕН ПАТОТ СТРУГА - ЌАФАСАН: снегот го отежна патувањето низ Македонија, задолжително понесете зимска опрема

ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

ЗАТВОРЕНИ ГЛАСАЧКИТЕ КУТИИ ВО СДСМ - Филипче останува на кормилото на најголемата опозициска партија

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„И ВО ОВИЕ БОЛНИ МИГОВИ, НЕКОЈ УСПЕА ДА ГО ПОДЕЛИ НАРОДОТ“: без марш, само собир и почит кон настраданите - организаторите бараат правда за сите

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

„ТРЕБА ДА ИМ ЗАБРНАТ И ПЕШКИ ДА ОДАТ, А НЕ КОЛА ДА ВОЗАТ“ - остри критики по апсењето на возачи во високо ниво на алкохол во крвта

СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта

СНЕГОТ ГИ ЗАВЕА ПЛАНИНСКИТЕ ПРЕМИНИ: воведена забрана за тешки товарни возила на неколку патишта