Неколку добри причини зошто денес да се напиете јогурт
Објавено во: Стил 29 Октомври, 2014 20:40
а доручек, меѓуоброк или десерт, збогатен со суво, свежо овошје и житарки, или, пак засладен со сируп или мед, јогуртот е продукт вреденза восхитување. Освен што е лесен и здрав продукт крие неверојатни благодати. Дознајте кои
1. Јогурт за витка линија
Јогуртот содржи многу малку калории. Со внесување на јогурт во организмот
( како меѓуоброк ) внесуваме калциум кој сигнализира излачување помалку кортизол ( хормон ) што го олеснува слабеењето додека аминокиселините помагаат во согорување на масните наслаги. Започнете го денот со јогурт кој совршено ќе се спои со свежо или сушено овошје и житарки.
2. Јогурт за бели заби
Покрај шеќерот, јогуртот не предизвикува кариес – најчеста причина за пропаѓање на забите. Исто така, млечната киселина ги штити непцата и забите, делува позитивно на слузницата, а калциумот помага забите да останат бели. Еден јогурт дневно за бели заби.
3. Јогурт за здравје
Корисните бактерии од јогуртот кои настануваат со ферментација го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Денес, многу видови јогурт содржат и посебни видови на пробиотици кои помагаат во регулација на столицата или го јакнат имунитетот. Пробиотиците имаат дејство на природни антибиотици, па токму поради таа причина се многу важни, бидејки спречуваат раст и развој на разни бактерии.
4. Јогуртот изобилува со витамини и минерали
Јогуртот и млечните производи се одличен извор на протеини, минерали и витамини. На пирамидата на исхрана се на исто ниво како и месото, риба и јајца. Само една чаша јогурт е значаен извор на калциум, магнезиум и калиум, фосфор, рибофлавин, јод, цинк, но и витамини Б5 и Б12. Јогуртот е важен и за контракција на мускулите, за згрутчување на крвта и за одвивање на нормална работа на нервниот систем во целина.
5.Јогурт за регулирање на притисокот
Истражувањата покажале дека дури 70% од луѓето секојдневно конзумираат двапати повеќе сол од препорачаната дневна доза. Со тек на време тоа доведува до висок крвен притисок, болести на бубрезите и срцето. Калциумот и калиумот во јогуртот помагаат во исфрлање на вишокот сол од организмот и го намалуваат крвниот притисок.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





