05 Мај, 2024
0.0268

Неколку лесни куќни совети

Објавено во: Стил 29 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

 

Ви прикажуваме неколку лесни и едноставни трикови за вашиот дом. Се што треба да направите е да ги прочитате.

Рецепт за природен домашен освежувач

- 500 мл дестилирана вода

- 12 капки етерично масло од камилица

- 12 капки етерично масло од лаванда

- 12 капки етерично масло од портокал

Измешајте ги сите состојки во боца со распрскувач. Пред употреба промешајте и не прскајте близу до очи. Овој миризлив освежувач има блага нота и се препорачува за во детска соба. Вие можете да ставите состојки по ваш избор.

Чистење на тастатура

Пред се тастатурата на вашиот компјутер или лаптоп, мора да се чисти редовно. Тастатурата понекогаш содржи и повеќе бактерии од вц даска. Ова го докажал микробиологот Питер Вилсен кој од 33 тастатури на кои е извршена анализа и земено брис, се покажало дека дури 4 тастатури биле потенцјално опасни по здравје, а една од нив имала 5 пати повеќе бактерии од канцеларијска вц даска.

За чистење на тастатурата, задолжително користете алкохол, еднаш неделно, така што алкохолот ги отстранува бактериите.

Отстранување на непријатни мириси од домашно милениче од теписи

Ако на вашето домашно милениче му случи незгода на тепих, не паничете. Професионалното чистење или купување нов тепих е скапа инвестиција, а без милениче не би сакале да останете. Дамката од непријатниот мирис посипете ја со сода бикарбона и оставете ја преку ноќ, а следниот ден усисајте ја сода-бикарбоната од тепихот. По потреба ова направете го неколку пати се додека не исчезне непријатниот мирис.

Ароматизирана правосмукалка Повеќето правосмукали испуштаат прашина која има непријатен мирис. За до го избегнете ова, доволно е додека ја менувате вреќичката заправосмукалката да капнете неколку капки етерично масло по ваша желба на топче од памук (вата) и да го вшмукнете со правосмукалката. Со понматамошното чистење ќе го освежите целиот простор.