Неколку населби утре без струја
Објавено во: 02 Јуни, 2014 18:30
Утре без струја ќе остант жителите од улиците „Волт Дизни“ и „Диме Мечето“ во општина Шуто Оризари од 9 до 15 часот.
Исто така во периодот од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе останат и корисниците од улицата Црногорска – улица 6 во Ѓорче Петров и корисниците од улиците 1, 2, 3, 4 и 5 во село Грчец, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.




