05 Мај, 2024
0.0235

Неколку совети за суво и болно грло

Објавено во: Стил 30 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Причините за појава на зацрвенето, суво и болно грло може да се најразлични, од вируси и бактерии, до иритација предизвикана од ниска влажност или загадување на воздухот, викање, дишење преку устата поради затнат нос и пушење.

Правете гаргара со топла солена вода. Во една чаша со топла вода додајте една лажичка сол. Користете го растворот за гаргара неколку пати дневно, при што ќе ја исплукувате течноста.

Гаргара со сода бикарбона и сол. Во чаша со топла вода растворете половина лажичка сол и половина лажичка сода бикарбона. Правете гаргара на секои 2-3 часа.

Пијте топли течности. Топлите чаеви и супи можат да го омекнат болното грло и да го намалат гребењето. Ако болките во грлото се проследени со затнат нос, топлите пијалаци можат да ви бидат од голема корист затоа што ќе ви го олеснат дишењето.

Топла лимонада со мед. Во топла вода додајте сок од еден лимон и засладете со лажица мед. И медот и лимонот се препорачливи при појава на болно грло.

Лук. Поради своите антибактериски својства, лукот помага и во превенцијата од грип и настинка и во ублажувањето на симптомите.

Одмарајте го гласот. Зборувајте со низок тон и воздржете се од напрегање на гласните жици, како викање или пеење.

Останете 5 минути во бањата по туширањето. Истуширајте се со топла вода, а потоа останете барем пет минути во бањата. Пареата ќе го омекне грлото и ќе го отстрани чувството на гребење кое често резултира со кашлица.

Не пушете и избегнувајте ги просториите во кои се пуши. Пушачите често страдаат од суво грло, бидејќи вдишувањето на чадот од цигарите ја надразнува слузокожата на устата и грлото. Доколку страдате од болно грло, потребно е да го прекинете пушењето, а ако не сте пушач, да се заштитите од пасивното пушење.

Дишете преку нос. За да не го надразнувате грлото, дишете преку носот, особено кога сте надвор на ладно. Ако ве измачува затнат нос и тоа е причината поради која дишете преку устата, користете капки или спреј за нос.

Шмукајте тврди ментол бонбони. Бонбоните ќе го зголемат лачењето на плунка и ќе ја одржат влажноста на грлото за да се намали раздразнувањето.

Внимание: не им давајте тврди бонбони на мали деца, затоа што постои ризик од задушување.