05 Декември, 2025
0.0510

Неколку совети за животот и бизнисот од еден мултимилионер

Објавено во: Стил 22 Септември, 2013 17:55

Добивај вести на Viber

Мултимилионер Т. Бун Пикaнс кој , според списанието Forbes , располага со 950 милиони долари и дефинитивно знае како да се изразува и да мотивира. Осумдесет и пет годишниот енергетски магнат и автор на книгата „Првата милијарда е најтешка“ има бројни и лесно што се паметат фрази за животот и бизнисот. Ова се дел од нив преземени од неговиот веб-сајт : „План без акција не е план . Тоа е само говор.“ „Кога сте млади , фитнесот е спорт . Кога ќе остарите станува неопходност." „Ако сакате да бегате со големите кучиња , треба да излезете од под тремот . " „Бидете подготвени да донесувате решенија . Ова е најважниот квалитет кај еден добар лидер . Не станувајте жртва на она што јас го нарекувам синдром на Нишанење - треба да сте подготвени да пукате. „Употребувајте неофицијален тон. Говорот  е природен начин да се прави бизнис . Пишувањето е одлично за одбележување на разни работи и за детали , но зборувањето генерира идеи . Големи идеи се раѓаат на нашите средби за време на ручек , на кој има сендвич , супа и добра идеја . Без мартини. " „Секогаш сум сметал дека е важно човек периодично да прави нешто спонтано. Предвидливоста може да доведе до неуспех ." „Работете  по осум часа , спијте по осум часа и внимавајте овие осум часа да не се совпаѓаат. Дојдете порано на работа и останете до доцна . Така живеат лидерите. " „ Научив порано дека треба да се игра според правилата. Не е забавно да мамиш , за да добиеш. “ „Кога сите ловат слонови, не  бегај за да гониш зајаци . " „Има три причини за тоа дека нешто не можеме да направиме. Прво е -немаме пари , а тогаш другите две причини немаат никакво значење. " „Еден будала со план може да го изигра секој гениј без план “.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: