25 Април, 2024
0.0328

Неколку тајни на авиокомпаниите – кои патниците не ги знаат!

Објавено во: Стил 16 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Патувањето со авион е предмет на бројни митови и урбани легенди . Има широко распространета легенда за едно место во авионите што ги зголемува шансите за преживување во катастрофа. Или друга , според која авионите исфрлаат измет среде самиот лет . Повеќе за митовите за летови во кои луѓето продолжуваат да веруваат , можете да видите тука . Но исто така има и голем број на мали детали и тајни кои повеќето патници не ги знаат, а кои се дел од секојдневниот живот на илјадници пилоти и соработници на аеродромите. Во Reddit корисниците одлучија да ги побараат оние кои работат во воздушниот транспорт , да споделат дел од своите тајни со обичните смртници . И ако некои од нив се смирувачки, други дефинитивно се застрашувачки. Во кислородни маски во авионот има кислород , доволен за 15 минути Ако сме попрецизни, кислородот во нив трае 13 минути . Причина за паника нема . Ако дојде до намалување на притисокот во авионот за време на летот на долги растојанија на висина од 10 000 метри , пилотот има потреба до 13 минути , за да ја намали висината до 3 000 метри , каде кислородот во атмосферата не е толку разреден . Затоа и маските се предвидени за толку време . За оние за кои тоа не е доволно смирувачко, маските не се единствениот извор на кислород , со кој располагаат авионите. о секој авион има систем за итна помош , која има за цел да обезбеди кислород на патници , на пример со срцеви проблеми , во текот на целиот лет . Идејата за 15-те минути , сепак не е целосна заблуда : тоа е минималното време , со кое пилотите во кабината треба да располагаат со кислород . Тие исто така имаат и маски , кои го покриваат целото лице и чија цел е да обезбедат воздух за пилотите во случај на чад при пожар или контаминација со хемикалии. Светлата во авионот се гаснат за време на слетувањето во текот на ноќта, за да може очите на патниците да се навикнат, во случај дека треба евакуација во итни случаи Самата вистина е дека ако треба евакуација на патниците таа треба да се случи за 90 секунди , односно нема да има време за аклиматизирње на очите во темница. Во однос на барањето за кревање на ролетните од прозорците при слетување, се прави за екипажот да може да гледа што се случува надвор во случај на проблеми . Пример при принудно слетување некое од крилата може да се запали . Вработените треба да може да видат што се случува надвор , за да преземат евакуација од спротивната страна на огнот . За време на дожд пилотите слетуваат поостро за да избегнат лизгање Ако слетувањето ви се чини дека е покруто за време на дожд , не го обвинувајте пилотот . Всушност пилотите не си поставуваат за цел да ви обезбедат меко слетување , наречено уште " kiss landing " , бидејќи тоа може да го зголеми растојанието за приземјување . Тие само сакаат да го спуштат авионот на предвидената точка што е полесно , кога авионот ќе започне слетување под одреден агол . Вклучените мобилни телефони претставуваат опасност во авионот Тоа не е целосен мит , но не е ни целата вистина . Вашиот мобилен телефон нема да предизвика несреќа во текот слетувањето , но за компензација може да ги поремети радио брановите за време на летот , на ист начин на кој реагира радио или телевизиски апарат поставен до телефон. Двајцата пилоти добиваат различна храна како превентивна мерка во случај на труење со храна Златно правило во воздухопловството -храната на двајцата пилоти задолжително треба да доаѓа од две различни места или ресторани. Летот може да се забави и дури да биде одложен , дури и ако ако машината за кафе не работи. Авиони можат да летаат само со еден мотор- тоа е вистина Сите модерни авиони не само што може да летаат , но и да полетуваат и да слетуваат само со еден мотор . Пилотите редовно тренираат врз стимулатори да излегуваат и слетуваат на тој начин . Тоалетот може да се отвори однадвор Логично е дека стјуардите треба да можат да го отворат тоалетот при настанување на вонредна состојба или ако некој се заглави внатре. Непријатното е тоа што ова всушност може да го направи секој , кој е свесен како точно се користи овој систем во авионот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти