НЕКОЛКУ ЗЕМЈИ НА ЕУ ИМААТ МИНИМАЛЕЦ ОД НАД 2.000 ЕВРА: Нашинците се најмногубројни токму таму
Објавено во: Економија, Македонија 19 Февруари, 2024 19:12
Пристојниот животен стандард е клучен за секое општество.
Новата директива на Европската унија има за цел минималната плата на
меѓународно ниво да биде 60 отсто од просечната плата. Годинава се очекува
голема промена кон зголемување на минималната плата во земјите од Европската
унија, со цел новата директива да стане закон до 15 ноември.
Дваесет и две од 27 земји-членки на ЕУ имаат воспоставено национален минимален приход. Тоа значи дека работодавачите се обврзани со закон да не плаќаат помала од националната минимална плата.
Данска, Италија, Австрија, Финска и Шведска немаат национален минимум, а Кипар го воведе на почетокот на минатата година.
Осум земји кандидати, меѓу кои Србија, Црна Гора, Северна Македонија, Грузија и Молдавија, имаат дефиниран национален минимален приход, пренесува Euronews.
Минималниот приход се разликува во земјите од ЕУ - во Бугарија минималниот месечен бруто приход е 477 евра, додека во Луксембург е 2.571 евро. Земји со минимален приход над 2.000 евра се Холандија, Германија и Ирска.
Следува Белгија со 1.994 евра, потоа Франција со 1.767 евра, Шпанија со 1.323 евра и Словенија со 1.254 евра. Кипар е последната земја каде што минималната бруто плата е 1.000 евра.
Минималниот приход е помал од илјада евра во 14 од 22 земји-членки кои имаат национален минимум. Меѓу земјите кандидати и потенцијалните кандидати, бројките се движат од 360 евра во Северна Македонија до 613 евра во Турција.
Бугарија, која е членка на ЕУ, има помал бруто минимален приход од Турција, Црна Гора и Србија, кои се земји кандидати.
Можеби ќе ве интересира
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии
ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа
На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили
Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината
Германија ги заострува условите за социјална помош
Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина
(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа




