Неколку знаци кои покажуваат дека вашиот шеф е „идиот‘‘
Објавено во: Стил 22 Октомври, 2013 09:40
Вашиот шеф е секогаш во право
Да се признае дека некогаш сте биле виновни е една од најдобрите работи кои можете да ја направите за вашите колеги. Ако вашиот шеф одбива да ја признае вината, тоа значи дека не е спремен да ви излезе во пресрет.
Вашиот шеф очекува да бидете како него
Повеќе не сакаат луѓето кои се слични со нас. Но, добриот шеф знае дека различните карактери можат да го подобрат неговиот тим.
Вашиот шеф има навика да ве вика на работа и во слободните денови
Ако доволно и вредно работите, нема оправдување вашиот шеф да ве вика и во слободното време. Да се осигурате дека така ќе биде, Оливер во книгата вели - од раната фаза да поставите јасни граници.
Опседнат е во секој чекор
Ако вашиот шеф не ви дозвлува што било сами да сработите и очекува извештај од секој чекор, тешко дека ќе се смени оваа негова карактеристика. За да има чувство дека се е под контрола, обидете се некои детали за работењето однапред да му ги посочите.
Постојано менува мислење
Ако ова ви звучи познато Оливер предложува : Одберете сугестија која најмногу ќе ви одговара и не се откажувајте од таа насока. Во спротивно откажете се од намерата постојано да се потпирате на него. Не барајте дозвола. Ако нешто му смета, ќе ви даде до знаење.
Повратната информација која ја добивате од него не е важна
Ако имате впечаток дека од неговата повратната информација ништо не сте разбрале, тоа значи дека информацијата ја задржува за себе, а тоа не е тимска работа.
Има потчинети во фирмата
Овој начин на справување со вработените само ќе ја загрози неговата способност да ја води компанијата и рационално да одлучува.
Секогаш ве критикува и никогаш не ве пофалува
Не дозволувајте вашиот шеф да ве понижува пред останатите. Ако еднаш му дозволите, тоа сигурно и ќе се повтори. Добриот шеф знае дека таквиот разговор треба да биде приватен .Оливер советува вака да му се обратте на шефот :„ако имате накаков проблем, би сакал да го решите тоа со мене во четири очи‘‘.
Се потешко ви е да станувате наутро за да одите на работа
Ако секое утро имате грч во желудникот кога треба да се соочите со вашиот шеф, време е нешто да смените, бидејќи имате „грозен‘‘ шеф.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:





