Нели Беширова: На Енекод не му е дозволено да стане сопственик на Фени
Објавено во: Економија 12 Декември, 2017 21:14
„Прво беше понудено 3 милиони евра кон доверителите без обезбедена гаранција. Втората понуда беше подобра, но условот за плаќање на вработените не беше исполнет иако Енекод се претставуваше како сопственик на Фени“ - рече тој.
Нели Беширова од Енекод, вели дека на Енекод намерно не му било дозволено да стане сопственик на Фени.
„27 минути откако влезе во компанијата веднаш беше проверен и се блокираше целата постапка. Затоа и кога не можеме да бидеме ефективни сопственици на Фени не можеме и немаме правна основа да исплатиме плати што е неразумен услов“- вели таа.
Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев вели дека ваков стечај не значи останување без работа.„Јас сум дете на стечајни работници и никој не сакам тоа да го почуствува на своја кожа бидејќи многу добро знам како е да се пројде низ тоа. Затоа стечајната постапка на Фени ќе биде сосема различна од тоа што досега се решавало во Македонија. Законот овозможи вработените да останат да работа, да земаат плата, а еднакви услови имаат сите инвеститори со тоа што ќе депонираат средства и ќе обезбедат иднина“ - изјави Анѓушев.
Тој вели дека од Фени зависи цел регион.
Можеби ќе ве интересира
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




