18 Декември, 2025
0.0650

Нема акционерски собранија: Берзата во нокдаун, а Штериев молчи

Објавено во: Економија 26 Март, 2020 14:02

Добивај вести на Viber

Падна вредноста на МБИ 10 индексот за над пет проценти денеска на берза. Тргувањето е во тек, но ова е прв ден откако се тргува по нови правила, кои впрочем значат дека се враќаат старите ограничувања за ценовни осцилации. Ако до вчера цените на акциите можеа да одат нагоре или надолу само до пет отсто, од денеска тоа повторно е десет проценти.

Но она што ја погодува Македонска берза денеска, многу повеќе од какви било дневни осциалции е најновата Уредба на Владата со која се изменуваат одредби од Законот за трговски друштва. Со неа се предвидува да не се одржуваат годишни собранија на акционерските друштва додека трае вонредната состојба, а нема да може да се одржуваат и собири на содружници. Ова значи дека сите компании кои имаа закажани собранија во следниот период нема да можат да ги одржат, а со тоа секако најмногу се влијае на тргувањето со акциите на овие компании, особено на тие кои најавија поделба на дивиденда. И покрај тоа што ова значајно ја менува сета слика на Македонска берза и интересот за фирмите. Од Македонска берза немаа коментар за новата Уредба. Не биле консултирани за оваа промена и првиот човек на берзата Иван Штериев не сакаше да ја коментира се додека не излезе во Службен весник.

Инаку Уредбата помина на Влада на вчерашаната седница и излегувањето во Службен весник е само прашање на време односно техничко прашање кое секако ќе се реализира. Сепак ден по носењето на Уредбата, односно само една ноќ по неа, Штериев ги врати старите правила за ценовните ограничувања и акциите продолжија да паѓаат.

Одборот на директори смета дека долгорочните ограничувања за тргување на берзите од каков било вид нема да ги променат причините што моментално ја предизвикуваат ценовната осцилаторност на пазарите на хартии од вредност глобално, регионално и локално, го прикриваат моменталниот инвеститорски сентимент и можат да го отежнaт пристапот на инвеститорите до нивните средства. Оттука, ваквите ограничувања можат да придонесат за мултиплицирање на сложените пазарни состојби и последици за инвеститорите во хартии од вредност. Ова е и официјалeн став на Европската федерација на берзи (FESE) од минатата недела, стои во образложението од Македонска берза.

Познавачите за Фактор велат дека во време кога се носи ваква уредба, а се враќаат и старите правила тоа може да се рефлектира со силен пад на вредноста на акциите.

Инаку за Уредбата прашања испративме и во Министерството за економија – тие ќе треба да образложат зошто носат вакви правила и по чија сугестија се прави ова. Одговори чекаме и од Комисијата за хартии од вредност.

Александра Томиќ


Можеби ќе ве интересира

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа