Нема да бирам вакцина, ќе се вакцинирам кога ќе ми дојде редот: Д-р. Исјановски во пресрет на пристигнувањето на вакцините во Македонија
Објавено во: Македонија 23 Февруари, 2021 11:50
Д-р. Виктор
Исјановски, директор на Здравствен дом Скопје, во денешното гостување во
емисијата Студио 10 на ТВ 24 изјави дека сите поликлиники се целосно подготвени
во исчекување да пристигнат вакцините во Македонија.
-Нашите вакцинални пунктови се спремни, тимовите се подготвени, а одреден број на тимови се испратени и на вакциналните позиции во Модуларната болница на Инфективната клиника каде во тек е реализација на вакцинацијата на здравствените работници, клиничарите кои работат директно со кови-пациенти. Според моите информации досега се вакцинирани 1.100 здравствени работници. Со еден збор кажамп, Здравствениот дом-Скопје е е спремен и од технички аспект и за апликација на вакцината, како и за чување одредени количини на вакцините кои се надевам дека во земјава ќе пристигнат во следниве денови, вели директорот Исјановски.
Истовремено посочува дека е голем поддржувач на вакцинацијата, дека сите вакцини се безбедни, дека нус-ефектите се сосема незначителни и добро е граѓаните во што поголем број да се пријават за вакцинација.
-Да можев досега ќе се вакцинирав, но секако ќе почекам да дојде мојот ред и нема да бирам која вакцина би ја примил бидејќи се покажа дека вакцините кои се примаат во светот се и ефикасни и безбедни, истакна д-р. Исјановски.
Можеби ќе ве интересира
Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење
ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации
ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти
Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот
Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери
АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога
Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер
Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“




