19 Декември, 2025
0.1249

НЕМА ДА ЧЕКА: Трамп му даде краток рок на Путин за војната во Украина

Објавено во: Свет 28 Јули, 2025 16:56

Добивај вести на Viber

Американскиот претседател Доналд Трамп му постави нов, пократок рок на рускиот колега Владимир Путин да прифати прекин на огнот со Украина, изразувајќи ја својата фрустрираност од продолжувањето на војната.

„Новиот краен рок за Путин е 10 до 12 дена. Разочаран сум од претседателот Путин. Ќе ги намалам првичните 50 дена што му ги дадов на помала бројка зашто мислам дека веќе го знам одговорот што ќе се случи“, кажа Трамп на средбата со британскиот премиер Кир Стармер во Шкотска.

Тој додаде дека многупати зборувал со Путин и добро се сложува со него, но не му се допаѓа што ракетира украински градови и убива луѓе. Тој ја отфрли можноста за средба со Путин.

„Доста ми е од зборување“, рече тој.

Трамп, кој во кампањата повторуваше дека може да ја реши војната за еден ден, кажа дека во пет наврати бил блиску до постигнување договор со Путин, но конечен договор засега не е на повидок.

Во почетокот на овој месец, Трамп ја промени реториката и му постави ултиматум на Путин да прифати прекин на огнот во рок од 50 дена или ќе се соочи со многу сериозни економски санкции.

Поранешниот врховен командант на вооружените сили на Украина и украински амбасадор во Велика Британија, Валериј Залужни, вели дека војната на Русија против Украина може да трае до 2034 година. 

foto EPA/TOLGA AKMEN / POOL

Можеби ќе ве интересира

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела