30 Септември, 2024
0.0349

Нема да ги пуштаат децата со маски во второто полугодие, најавија од Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата"

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2022

Добивај вести на Viber

Од Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата" информираа дека до властите е доставено барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата.

Велат дека нема да ги пуштаат децата со маски на училиште во второто полугодие. Во соопштението се наведува дека и микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот и професор д-р Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски, а дека д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето маски“. 

Од Иницијативата „СТОП за носењето маски во училиштата" велат дека обединуваат  12.000 родители и дека имаат поддршка од голем број доктори и стручни лица кои, како што се наведува, јавно зборуваат за долгорочните штетни последици од носењето маски.

„Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата", Иницијативата ја цитира д-р Лилија Чолакова Дервишова.

„Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација", цитат од Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и универзитетски професор.

„Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни“, цитат од Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар.

На 1 февруари ќе почне второто полугодие. Почетокот беше одложен поради пикот на омикрон. 

Македонија вчера имаше над 2.000 заразени со коронавирусот. 

Можеби ќе ве интересира

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

Планинарка пронајдена почината на Шар Планина по два дена потрага

ВЕНКО НА КОНЦЕРТ КАЈ ГЕРАСИМОВСКИ: Лидерот на СДСМ беше на настанот „Нешто што ќе остане“

ВЕНКО НА КОНЦЕРТ КАЈ ГЕРАСИМОВСКИ: Лидерот на СДСМ беше на настанот „Нешто што ќе остане“

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

ОСТАНУВАМЕ ВО ЧЕКАЛНАТА НА ЕУ: Од невладиниот сектор се загрижени дека ќе секнуваат финансиите и можностите за соработка

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

БАЛКАНЦИТЕ ВЕЌЕ ВО ПАНИКА ЗА ЕТИАС: Новите правила за влез во ЕУ ги загрижија граѓаните, без дозвола нема влез во ЕУ земјите!

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

ЕВЕ ЗОШТО ГАЛЕТАНОВСКИ СИ ДАЛ ОСТАВКА ОД ДИРЕКТОРКАТА ПОЗИЦИЈА НА ЗОО: „Јас не оставам на случајност институција каде живеат 260 врсти животни и 60 вработени не планирам“

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НИКОЛОСКИ ГО ПОКАЖА АВТОПАТОТ ТЕТОВО - СКОПЈЕ: Еве како изгледа по засиленото темпо на работа

НЕВРЕМЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО ГИ ИСПАНИЧИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ: Еве какво беше вчера на врвот

НЕВРЕМЕ НА КРСТОТ НА ВОДНО ГИ ИСПАНИЧИ ПОСЕТИТЕЛИТЕ: Еве какво беше вчера на врвот

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

ТАТКОТО НА ГЕРАСИМОВСКИ, ЕКС ДИРЕКТОРОТ НА СТАТИСТИКА ГО ПРОСЛАВИ 75-ТИОТ РОДЕНДЕН: „Среќен да си татко“, му порача градоначалникот на Центар

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори

„Со тие разговори се направи нов злочин“: Туфегџиќ за масакрот кај Смилковското Eзеро - само штета од прислушуваните разговори