НЕМА ДА ИМА ДИВИДЕНДА ЗА АКЦИОНЕРИТЕ НА „ПЕЛИСТЕРКА“ - еве како ќе се распредели добивката, ќе има и промени во Одборот на директори
Објавено во: Економија 29 Мај, 2023 08:32
Нема да има дивиденда за акционерите на компанија за производство на минерална флаширана вода, „Пелистерка“. Тоа е одлука што ја предлага менаџментот на компанијата, а која треба да ја изгласа Собранието на акционери на 26 јуни оваа година.
Од другите одлуки за кои се очекува да гласаат акционерите, е онаа дека ќе има промени во раководството, бидејќи ќе се разреши еден член на Одборот на директори пред истекот на мандатот за кој е именуван, и ќе се избере нов.
Инаку, треба да се напомене дека „Пелистерка“ лани работеше профитабилно и оствари нето добивка од 376 илјади евра, што е за 23 отсто повисок профит од претходната 2021 година, но и многу подобар резултат од загубата со која оваа компанија ја заврши 2020 година.
Во врска со одлуката за распределба на добивката, му се предлага на Собранието на акционери 5 отсто од таа сума да оди во задолжителен резервен фонд, а остатокот да остане како нераспределена добивка.
„Во Друштвото за прозводство и трговија Пелистерка АД Скопје остварената нето добивка од работењето на Друштвото во периодот од 01.01.2022 годинадо 31.12.2022 година, да се распредели на следниот начин: задолжителен резервен фонд од 5 отсто, и остатокот да останекако нераспределена добивка. Одлуката влегува во сила со денот на нејзиното донесување“, се вели во предлогот за кој треба да гласаат акционерите.
Ова значи дека околу 19 илјади евра ќе одат во задолжителниот резервен фонд, додека многу поголем износ од 357 илјади евра ќе останат како нераспределена добивка. Инаку, треба да се напомене дека во „Пелистерка“ главен управувачки акционер и единствен кој поседува над 5 отсто од акциите е ЦИП Продукт,со 88,98 отсто од акциите.
На акционерите им се предлага и да донесат одлука за разрешување на член на Одборот на директори на Друштвото, пред истек на мандатот. Станува збор за Андон Симуноски.
„Се разрешува членот на Одборот на директори на ПЕЛИСТЕРКА АД Скопје: Андон Симуноски, пред истек на мандатот за кој е именуван“, се вели во предлог одлуката, при што Собранието на акционери треба да констатира негов престнок на вршење на функцијата, како и престанок на мандатот.
За член на Одборот на директори на „Пелистерка“ се избрира Златко Талески, со стручна подготовка ВСС.
„Членот на Одборот на директори од оваа Одлука, се избира со мандат од шест години, сметано од денот на изборот. Членот на Одборот на директори, има право на месечен паушал во нето износ од 10.000 денари, право и на надомест на сите други трошоци, како и други права што се поврзани со вршењето на нивната функција, како што се користење на работни простории, потребни средства за работа, право на користење на возило и друго, за што одлука донесува Одборот на директори“, се вели во предлог одлуката.
На Собранието му се предлага и да ја одобри работата на членовите на Одборот на директори на Друштвото.
Покрај овие, акционерите треба да донесат и одлука и за усвојување на консолидираната годишна сметка од рабтењето во минатата година, потоа годишниот извештај за работењето, усвојување на извештајот на ревизорот Расел Бетфорд Атанасовски ДООЕЛ Скопје за работењето на Друштвото, за прифаќање на Годишниот извештај за работата на службата за внатрешна ревизија, како и други одлуки.
На седницата на Собранието можат да присуствуваат сите акционери запишани во Акционерската книга на друштвото, лично или преку полномошник.
Н.Н.Ф.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




