17 Декември, 2025
0.0484

Нема докази за трговија со органи на Косово

Објавено во: Балкан 29 Јули, 2014 12:02

Добивај вести на Viber

Специјалниот обвинител на ЕУЛЕКС Клинт Вилијамсон вели дека неговиот тим уште не дошол до докази за да се покрене обвинение за трговија со органи на Косово. Тој вели дека истрагата за трговија со органи и натаму ќе биде во фокусот на неговиот тим и оти не се исклучува подоцна да се подигне обвинение, но оти засега тоа не е можно. Не се најдени доволно докази, но тоа не значи дека нема да ги има, рече тој, нагласувајќи  дека се утврдени „десетина“ случаи на трговија со органи. „Кога викам малку, мислам на помалку од 10. Разговарав со Дик Марти и информациите кои ги имаме се во согласност со она што тој го собрал“, вели Вилијамсон. Тој додава дека сепак ќе бидат подигнати обвиненија против некои од лидерите на ОВК заради прогон на српското население, но дури откако ќе се формира Специјален суд за воени злосторства на Косово. „Специјалниот тим дојде до неоспорни докази против одредени порнешни лидери на ОВК. Индивидуите кои ги истражувавме беа на самиот врв на ОВК“, рече Вилијамсон, одбивајќи да прецизира дали се работи за лица кои се актуелни косовски политичари. Вилијамсон се пожалил заради појава на заплашување на сведоци во текот на истрагата, а ја пофалил соработката со Србија, Албанија, Црна Гора, некои од официјалните претставници во Приштина, како и со одредени невладини организации. „Сè додека една рака моќници се обидува да ја спречи истрагата, цената ќе ја плаќа цело Косово, затоа што ова остава темен облак врз цело Косово“, рече Вилијамсон. Специјалниот тим што тој го предводи беше формиран од ЕУЛЕКС за да ги испита наводите за наводна трговија со органи на Косово изнесени во извештајот на Дик Марти, поранешен пратеник во Парламентарното собрание на Советот на Европа. „Немаме многу дополнителни информации кои би расветлиле што се случило со тие луѓе, потрагата по ова ќе остане важна задача за нас. Тимот на ЕУ ќе мора да ја продолжи истрагата за трговија со органи во Косово, но во овој момент не можам да кажам дека постојат цврсти докази дека тоа се случило“, вели Вилијамсон. Според него, обвиненија ќе се подигаат откако ќе се формира Специјалниот суд за злосторства на Косово. Претходно се најавуваше дека овој суд ќе биде формиран на Косово, но сега станува извесно дека седиштето на судот сепак ќе биде во Хаг. Судот ќе има свој статут и правилник кој ќе биде заснован на косовските закони, но и на меѓународното право. Персонал ќе бидат меѓународни експерти, правници и судии. Формирањето на посебен суд за Косово е неопходно, бидејќи по склучувањето на спогодбата од Куманово, со која прекинаа вооружените дејства, Хашкиот трибунал не е надлежен за овие злосторства. Медиумите во Приштина наведуваат дека по формирањето на Специјалниот суд за слосторства на Косово ќе бидат подигнати најмногу 10 обвиненија, но ниту една нема да се однесува на случајот на „Жолтата куќа“, ниту ќе има обвинети по командна одговорност, со што според медиумите на Косово, ќе се тргне „клеветата“ што ја направил извештајот на Марти.

Можеби ќе ве интересира

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни