22 Ноември, 2024
0.0317

НЕМА КАЗНИ ЗА ДИРЕКТОРИТЕ ШТО НЕ ДАЛЕ ЗГОЛЕМЕНА ДНЕВНИЦА ЗА РАБОТА ВО НЕДЕЛА - инспекторите само им наложиле да ја исплатат

Објавено во: Економија 24 Февруари, 2022

Добивај вести на Viber

Веќе втор месец како важат законите со кои работниците добија право да одмараат во недела, освен оние неколку дејности кои се одредени како исклучоци, па веќе испливаа на виделина и некои газди кои не сакале да ги исплатат зголемените дневници кои се одредени со новата законска регулатива. 

Тоа во своите последни контроли го откриле инспекторите на Државниот инспекторат за труд.

Како што е познато, во дејностите кои се сметаат за исклучок од недела неработен ден, работниците треба да добијат дополнителна дневница од 50 отсто, додека, пак, оние што работеле во недела а се вработени во трговските објекти, треба да заработат зголемување на дневницата за 100 проценти, или двојна дневница. Така е предвидено со измените на законите за работни односи и за трговија, па Државниот инспекторат за труд, покрај со контролите кои од поодамна ги прави за тоа кои од фирмите што не смеат или не пријавиле, сепак работат во недела, стартуваше и со проверките кои од газдите ги исплатиле или не додатоците за плата за оние работници што работеле во недела.

Но, засега за овие компании, како и за нивните газди или директори, не е изречена никаква казна, туку само им било дадено решение да им го исплатат додатокот на плата на работниците.

Тоа се случило со четворица работодавачи.

Она што е интересно, е дека дури 11 фирми, не им ни доставиле документација на трудовите инспектори за тоа дали исплатиле зголемена дневница или не на работниците што работеле во недела.

„Во врска со исплата  на додаток од плата, при извршените вонредните инспекциски надзори, утврдено е дека 25 работодавачи исплатиле додаток од плата за работа во недела, а  четири работодавачи не исплатиле додаток од плата за работа во недела, и за истите е изречена мерка решение за исплата на додаток. Кај другите 11 работодавачи дадено е задолжување за достава на документација“, се вели во извештајот на ДИТ за последните контроли кои биле направени во последната недела.

Инаку, од инспекторатот нагласуваат дека ќе продолжат со вршење на вонредни инспекциски надзори во недела, поради доследна примена за одредбите од Зконот за работни односи и Законот за трговија.

Во последната недела биле направени 43 вонредни контроли, а само еден газда добил клуч на врата.

„На ден 20.02.2022 година извршени се вкупно 43 вонредни инспекциски надзори во 9 региони на територијата на РСМ од страна на дежурните инспектори. При инспекциските надзори утврдени се неправилности кај седум работодавачи кои не го почитувале Законот за работни односи и Законот за трговија, при што донесени се следниве инспекциски мерки: решение опомена добиле вкупно шест работодавачи, поради непочитување  на одредбите од Законот за работни односи според чл.134 ст.7 или по други основи, а решение забрана за работа било изречено кај еден работодавач, поради непочитување на одредбите од Законот за трговија чл. 50-а ст.3“, се вели во соопштението од Државниот инспекторат за труд објавено на нивната веб страница.

Инаку, Државниот инспекторат за труд ги објави и сите објекти кои работеле во неделите во јануари, односно во првиот месец од оваа година, а кои за тоа уредно дале известување до ДИТ по електронски пат, односно на електронската имејл адреса rabotavonedela@dit.gov.mk за месец јануари 2022 година.

Од оваа листа може да се види дека во јануари во недела работеле 2.400 објекти. Притоа, треба да се напомене дека не станува збор за 2.400 компании, туку за помалку, бидејќи во објавената листа се опфатени по повеќе објекти на некоја фирма, на пример трговска компанија или синџир на бензински пумпи, односно сите нивни објекти кои биле пријавени за работа во недела во јануари оваа година.

Притоа, од листата може да се види дека доминираат бензински станици, трговски објекти, угостителски објекти, индустриски капацитети, компании за производство на брза храна и слично.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

Бизнисот за финансирање има уште само 15 милиони евра пари од странство додека се чека унгарскиот кредит

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите

СТОКАТА СЕ ПОВЕЌЕ СЕ ПРЕНЕСУВА СО КАМИОНИ МЕСТО СО ВАГОНИ – тројно намален превозот по пругите