20 Декември, 2025
0.1299

Нема пари за нова Универзална сала

Објавено во: Економија 18 Февруари, 2016 18:17

Добивај вести на Viber

Најавената јајцвидна концертна сала која требаше да се најди на местото на Универзална сала во Скопје сепак нема да се гради. Владата се повлече и се одлучи да „игра” на поевтина карта, па ќе се врши само реконструкција.

Причината да се одбере ова решение како што посочи министерката за култура Канческа Милевска е моменталната економска ситуација и економската неоправданост на проектот.

Претходно беа планирани 65 милиони евра за уривање и градење на нова со  2.500 до 3.000 седишта, мала за камерни изведби со околу 300 места и административни простории.

Реконструкцијата пак ќе чини 15 милиони евра.

Советот на град Скопје денеска на Советот ќе го префрли правото на измена на проектот за реконструкција и надрадба на Универзална сала.

„Старо-новата Универзална сала во основа ќе го задржи изгледот, со препознатливата купола. Ќе се изградат дополнителни сали, други придружни содржини, а ќе биде решено и паркирањето. Скопје ќе добие модерна и функционална концертна сала“,рече Коце Трајановски – градоначалник на град Скопје.

Одлуката за изградба на нова Универзална сала се донесе во април 2013 та година со што Министерството распиша конкурс за идејно решение, каде победи решението на „Стоун дизајн“ односно објект во форма на јајце.

Со реконструкцијата и проширувањето кое ќе следи, планирани се изградба на дополнителни сали со решен паркинг простор.

Можеби ќе ве интересира

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Побарувачката за сребро ќе расте - кои земји имаат најголеми резерви?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

Koи европски држави ќе имаат раст до 2027 година?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

ЕУ ОДОБРИ ПОМОШ ЗА УКРАИНА: Што се случува со цените на златото и пченицата?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Како вештачката интелигенција навистина влијае на пазарот на трудот?

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Просечните плати во Хрватска се зголемија

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Најголемото наоѓалиште на злато досега – илјадници тони скриени на 1.900 метри

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

Зошто во Европа се затвораат фабриките за шеќер?

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба